А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

(ВИДЕО) Мицкоски: СДСМ не ги зголеми, туку ги намали пензиите за 400 денари

by А1он19/11/2019 - 15:4219/11/2019 - 16:15316
Share0

Владата на СДСМ и Зоран Заев не ги зголеми пензиите за 700 денари, туку напротив, ги намали за 400 денари, изјави на прес-конференција лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски врз основа на компаративна анализа што ја направила партијата.

Следете a1on на Instagram Instagram

„Доколку не се случеше бришење на членот во законот за исплата на пензиите со важност од 01.01 2019 година, пензионерите во периодот од 01.01.2019 заклучно со 31.12.2020 година ќе имаа за 1.100 денари повисока пензија споредено со пензијата која што ќе ја примаат од 01.01.2020  доколку под услов оние ветени 700 денари бидат исплатени, или 400 денари помалку“, рече Мицкоски.

Според него, ако се земат предвид трошоците за живот, зголемувањето на просечната плата и куповната моќ на граѓаните, произлегува дека за 2019 година секој пензионер ќе загуби по 6.900 денари, а во наредната година пензионерите ќе загубат по 5.972 денари.

Следете a1on на Youtube YouTube

„Владата на СДСМ и Зоран Заев не ги зголемува пензиите туку напротив со бришење на законот и интервенирање во законот  каде што се нивелираат пензиите со порастот на просек плата тие ги намалуваат пензиите. Ќе го повикам секој еден пензионер во Македонија да не верува во ниските страсти, измамите и погрешните политики на Зоран Заев и владата. Тоа е политика на клиентeлизам која со многу помалку од тоа што природно и законски ви следува сакаат да го добијат вашиот глас и да го корумпираат со невистини и сеење магла“, им порача Мицкоски на пензионерите.

hristijan mickoskipenziivmro-dpmne

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски се сретна со Макрон и Мерц: Исклучително сум задоволен

Катерина Ѓуровски05/06/2026 - 13:4905/06/2026 - 14:34

Проширувањето на ЕУ и интеграцијата на Западен Балкан во фокусот на самиотот во Тиват

Катерина Ѓуровски05/06/2026 - 08:2005/06/2026 - 08:24

Битиќи: Нова манипулација на Мицкоски за БДП, со инфлација од 5,7% животниот стандард паѓа

Катерина Ѓуровски04/06/2026 - 12:38

ВМРО-ДПМНЕ: Заврши времето на еднострани отстапки, Македонија бара реципроцитет од Бугарија

Горан Наумовски03/06/2026 - 09:22

До крајот на месецов ќе почнат разговорите за реконструкцијата на Владата

Катерина Ѓуровски02/06/2026 - 12:49

Помислив дека е нешто од рубриката „верувале или не“, вели премиерот за антикорупцискиот закон на СДСМ

Катерина Ѓуровски02/06/2026 - 12:15
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто