Мицкоски: Русковска се претвори во заштитник на скандалите на Заев

Од:

„Што треба повеќе да се случи ова обвинителство да започне да гледа докази за криминал кај власта? Изјавата од пред некој ден на обвинителката Вилма Русковска е причина повеќе зошто ни треба закон за независно обвинителство, и доказ плус за целосната политизираност на сегашното обвинителство. Тоа објаснува и зошто Заев се бори за закон кој ќе го амнестира криминалот.
Обвинителството уште еднаш ја зема улогата на заштитник на криминалот на власта.

Русковска се претвори во заштитник на скандалите на Заев.

Случајот за поткуп на гласачи во 2014та година, “сосема случајно” бил отворен во 2018та година и затворен поради немање на докази. И сега ние треба да и веруваме на Русковска дека Заев е невин во целиот случај, кога јавна тајна е како СДСМ и Заев обезбедуваат поддршка во Струмица и не само таа 2014та година туку и за изборите претходно, но и времето потоа. За таквиот феудален систем со робовладетелски карактеристики сум говорел во повеќе наврати каде “вождот” немоќните ги уценува, а останатите ги рекетира“, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Овој случај со поткуп на гласови е отворен и затворен во 2018та затоа што тоа Вилма Русковска е обвинител, а Заев беше премиер и само така Заев може да биде нечепнат. Го отворила за да го затвори, далеку од очите на јавноста. Впрочем сега е јасно дека обвинителство е чуварот на криминалите на актуелната власт.

Да ги бројам ли, Рекет 1, Рекет 2, Рекет 3, Поткуп, Крвави тендери, Афера Кеш во СЈО, канабис милиони за власта…

Слепилото пред криминалот на сегашното обвинителство може да се острани единствено со квалитетен закон за обвинителство. И пораз на Зоран Заев на следните избори. Се дотогаш, разни Вилми и Јовевци ќе не убедуваат во неубедливото“, додава Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му