(ВИДЕО) Мицкоски реизбран за претседател на ВМРО-ДПМНЕ: Најавувам нова политика и концепт на заедништво

Од:

ВМРО-ДПМНЕ денеска, на 17. редовен партиски конгрес, го реизбра Христијан Мицкоски за претседател. Тој беше и единствениот кандидат за лидерската позиција, а доби поддршка од 489 делегати.

Мицкоски упати благодарност до сите кои му дале поддршка на овој конгрес и додаде дека по денешниот ден се испраќа порака на обединување и заедништво.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека ова е конгрес по кој Партијата излегува посилна, со уште поголем елан и енергија за времињата што следат.

„Ова е нашето време да покажеме како се работи, да отвориме работни места, да го зголемиме стандардот, да го подобриме здравството, да покажеме грижа за земјоделците, за социјалците, за пензионерите, младите, за професорите и докторите, за полицајците и војниците, за работниците, бизнисмените, за идните генерации да видат од што сме направени и дека во нашите жили, крв и месо има нешто останато од оние заради кои го имаме ова што го имаме. Да ги отвориме вратите на можностите за нашите деца, да го вратиме просперитетот, да ја вратиме државата на граѓанте, да ја чувствуваат за нивна, дека ги слуша и почитува и дека ги вреднува и работи за нив…

Ајде заедно да го создадеме македонскиот сон, составен од фундаменталната вистина која е содржана во Крушевскиот манифест, која повикува на заедништво, да станеме од многу – Едно, и кога ќе нè сретнат со цинизам и потценување, и кога ќе ни кажуваат дека не можеме, ние ќе одговориме гордо и со крената глава ….МОЖЕМЕ! И ќе победиме! Победа, победа која ќе биде за секој еден човек, победа во која веруваме и победа со која ќе покажеме дека Македонија е силна. Наша и заедничка“, рече Мицкоски откако повторно беше избран за претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски го доби првиот претседателски мандат во партијата пред четири години, на 23 декември 2017-та, кога на 16. конгрес во Валандово беше поддржан од 376 делегати.

Би можело да ве интересира

Милошоски: Кадарот на Филипче, Заев и Ахмети, Ислам Абази ја запре судската постапка за сомнителната набавка на мазут вреден 167 милиони евра

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче лажеше дека Бугарија не го негира нашиот идентитет, за министерката за надворешни работи на Радев сме ,,северномакедонци”

Манасиевски: Филипче по стапките на Заев, подготвен да ги исполни бугарските барања на штета на Македонија

Мециновиќ: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ саботираат една изборна единица

Панова: Стратегијата на претходната влада не донесе во ќорсокак со евроинтеграциите

(ВИДЕО) Филипче: Ќе бега ли сега Груевски во Русија, кога ќе има барање за екстрадиција