Мицкоски: Протести и целосна блокада на институции ако нема договор за избори до крај на летото

Од:

„Доколку нема договор за избори ова лето ќе преминеме во фаза на целосна блокада. Таа целосна блокада ќе биде во Парламентот, но и блокада на институциите, блокада на патишта, протести низ градовите. Блокада на процедурите и системот во распаѓање. На тој начин нема да легитимираме систем кој е диво месо и затруен од криминал и неспособност“, порача лидерот на ВМРО–ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од протестот вечерва пред Владата.

Предупреди дека следи најтешката зима, а со оваа влада ќе биде вистинско економско цунами за народот.

„Ова лето ќе биде протестно лето во чиј фокус ќе биде Македонија на прво место. Тоа подразбира дека тимови на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги посетат сите градови и села, пратениците, Извршниот и Централниот комитет, заедно со градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ, ќе работат на општа мобилизација и изразување на незадоволство од политиките и лошата перспектива и економска состојба. Ќе се обратиме до земјоделците, докторите, работниците, професорите, службениците, невработените, стопанствениците, до целиот народ и ќе побараме да ни се придружат. Нас ни е потребна општествената поддршка за целосен триумф врз мафијата. Оваа есен ќе биде есен на блокада на неспособноста и на сè она што претставува оваа власт“, најави Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ