Мицкоски: Со престојниот референдум Заев сака да ја понижи Македонија

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски оствари средба со граѓани и членови на Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Делчево. На средбата Мицкоски говореше за актуелната политичка и економска состојба како и за штетноста на договорот со Грција.

Тој истакна дека Делчево е град кој силно ги чувствува последиците од хаосот кој го создава актуелната влада, на економски и политички план.

– Последни сме по реформи последни сме и по економија. Земјоделците, вчера бев во Берово, денес бев во Пехчево, претходно сме биле во струмичко, битолско, прилепско, кичевско, штипско секаде иста песна, нема човек кој што е задоволен, нема човек кој што кажува дека добро направија подобро се живее, тоа што го ветија ништо исполнија, нема загарантиран откуп, нема загарантирана цена, нема зелена нафта. Секаде истата приказна, чемер и јад, вели тој.

Мицкоски пред граѓаните на Делчево се осврна и на капитулантскиот договор со Грција.

– Ќе речат го заштитивме јазикот и нацијата. Не е точно. Ниту јазикот го заштитија, ниту нацијата. Еве пред некој ден го слушнавме и Ципрас и Коѕијас и Каменос кој што велат овие се славјани зборат славјански јазки и ние тоа не го признаваме. Од наша страна не забележавме од овие ,,јунациве’’, овие ,,револуционериве’’ не забележавме ниту еден демант дека тоа не е така. Напротив молк, а знаеме добро што значи молчењето. Молчењето значи одобрување, изјави Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ заклучи дека капитулантскиот договор е документ поради кој Македонија е понижена, документ со кој го губиме името, се менува уставот, се губи идентитет, а евроинтеграции на Македонија можат да бидат блокирани во секој момент. Заев по секоја цена сака да ја задржи својата фотељата, а животот кој што го ветуваа никогаш не дојде, вели Мицкоски.

Мицкоски од Делчево одговори и на изјавата на Заев дека референдумот на 30ти септември бил ист како оној од 1991 година, истакнувајќи дека тоа се две сосема спротивни работи.

– Го слушам денес како Зоран Заев вели референдумот на 30-ти септември бил со еднаква важност како оној на 8 септември 1991 та година, уште една голема лага, уште една манипулација. Има огромна разлика, ако во 1991 година тој победонесен референдум ја донесе независноста, со име на држава Македонија, со устав каде тоа го пишува и со идентитет македонски, денес овој 30-ти септември имаме референдум за промена на име, промена на устав и идентитет.

На овој референдум имаме на маса документ со кој се поништува тој референдум одржан на 8 септември таа 1991 година.

На маса е документ со кој Заев сака понижена Македонија, документ со кој губиме се што нас е важно, истакна Мицкоски.

Тој одговори на обвинувањата дека наводно не бил независен во своето дејствување, посочувајќи дека единствено тој е на страната на граѓаните.

– Не смееме да потклекнеме ниту на лагите и манипулациите кои ги прави власта на дневно ниво, па ќе речат дека сум бил заврбуван, дека сум бил со овој или со оној човек, на една или друга страна, не бе луѓе, јас сум на страната на Македонците и сите граѓани на мојата земја. Државата се наоѓа пред крстосница, и ова се историски времиња, истакна Мицкоски!

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Државата е во хаос заради ДУИ и нивните измеќари од СДС

Мисајловски: За да направиме историска победа за Македонија, ни треба поддршка од целиот македонски народ

(ВИДЕО) Мицкоски: СДС и ДУИ неколкумина од власта се граѓани од прв ред, а сите други од втор ред

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Мицкоски и ДПМНЕ немаат план ниту визија, со нив нема членство во ЕУ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ја фрли државата во хаос, ова не е Македонија која ја сака народот

ДУИ: Сакале или не СДСМ и ВМРО, идниот претседател ќе се избира во Собранието

Катерина Ѓуровски