ВИДЕО: Мицкоски предлага ветинг и за политичарите

Од:

Лидерот на опозициската ВМРО ДПМНЕ денеска побара ветинг за политичарите и ја обвини власта за недонесувањето на Закон за обвинителство.

Мицкоски го обвини премиерот Зоран Заев за лицемерие кога зборува за правна држава.

„Уште поголемо лицемерие е кога тој човек  по цели три години власт ќе каже дека мора да се испита имотот на судиите и обвинителите, и нема да помине ден потоа ќе го смени истиот тој став и ќе каже дека требало да се прочистат само неколку обвинители и судии. И тука има два логични заклучоци.

Првиот е прашањето кој го спречуваше да го направи тоа до сега, имајќи предвид дека апсолутната власт е токму во рацете на Заев. Значи, одговорот е јасен и се работи за несакање, и вториот заклучок, зошто само да има проверка на имот на судиите и обвинителите, а не на изворот на корупција во оваа држава, политичарите и носителите на јавни и државни функции заедно со нивните семејства“ – рече Мицкоски.
Според Мицкоски, власта нема интерес за Закон за обвинителство.

„По 5 месеци е совршено јасно зошто власта на Зоран Заев го загуби интересот за носење закон за независно обвинителство и кому му беше интерес обвинителството да остане под политичката капа на Зоран Заев. Практично им требаше ова обвинителство и не сакаа законот за тоа обвинителство да се смени, за да имаме неказнет криминал. Јас го говорев ова тогаш и го повторувам сега, власта нема интерес за закон за обвинителство“ – обвини Мицкоски.

Мицкоски денешната прес-конференција ја искористи за да ги наброи сите афери во текот на тригодишното владеење на оваа власт, а особено внимание посвети на случајот „Рекет“.

„Би сакал исто така да го повторам сведочењето на Бојан Јовановски, којшто велеше дека доколку се прегледаат камерите од видеонадзорот од неговата куќа, јасно ќе се види кое е лицето кое ја изнесува торбата од неговиот семеен дом. Понатаму, медиумите пренесоа дека во истрагата се споменува и дејствие со кое првоосомничениот сакал да издејствува од одредени кругови финансиски средства со цел да биде ставено одредено лице за прв човек на голема компанија каде државата има удел. Таква постапка е само возможна доколку некој од Владата вети дека ќе помогне за такво именување. Ова само отвора сомнеж дека грбот на Бојан Јовановски се наоѓа во зградата на ‘Илинденска’. Каде е Зоран Заев во овој случај да даде исказ и дали воошто се зборува за овој случај?“ – праша Мицкоски.

Мицкоски испрати порака до Заев, дека нема да бидеме подобро општество ако имаме или немаме преференцијални листи, туку кога ќе немаме корупција.

За годишното обраќање на претседателот Стево Пендароски во Собранието, вели дека не бил поканет и затоа не присуствувал.

Би можело да ве интересира

Владата се загуби на патот кон ЕУ, Албанците се маргинализираат, Таравари најдоцна за два дена ќе каже дали излегува од Владата

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: ЕУ останува наша цел, но треба да научите да победувате во Вашингтон, Брисел, Берлин, Париз

Катерина Ѓуровски

Премиерот подготвен да оди во Кочани и да разговара со родителите на загинатите во дискотеката „Пулс“

А1он

Мицкоски: Следната недела ќе имаме завршна средба со Таравари

А1он

ДУИ: Партнерите од ЛЕН се понижуваат за да му се допаднат на премиерот

Мицкоски: Македонскиот јазик е многувековен, тој е нашиот бедем и неспорен идентитет

А1он