Мицкоски прави театар и ја турка ВМРО-ДПМНЕ во пропаст, велат од Иницијативниот одбор за вонреден конгрес

Од:

„Христијан Мицкоски е само лош глумец чија суета ја турка ВМРО-ДПМНЕ во пропаст,“ реагираат вечерва од Иницијативниот одбор за вонреден конгрес, по седницата на Централниот комитет на партијата и изјавата на Мицкоски дека тој понудил оставка пред партиските органи, но не му била прифатена.

„Да беше искрен во предлогот за вонреден Kонгрес и намерата да не се кандидира, ќе ја искористеше можноста што ја дава статутот, ќе си дадеше оставка и ќе беше свикан конгресот, наместо да прави театар злоупотребувајќи го Централниот комитет, кој е со истечен мандат.

Се уште актуелниот Престедател на ВМРО-ДПМНЕ нема ниту кредибилитет, ниту легитимитет да именува или разрешува партиски органи,“ велат од Иницијативниот одбор.

„Единствено чесно од негова страна би било извинување до членството за претрпените порази, преземање на одговорност, оставка и закажување на вонреден Конгрес.

Само така ќе си го одржи зборот и ќе го сочува образот. Впрочем, самиот Мицкоски јавно вети дека ќе се повлече доколку не победи и не успее да формира влада.

Мицкоски загуби и немаше капацитет да формираше влада. Поразот на избори е највеќе заради тоа што нема капацитет да обединува. Ни граѓаните, ни партиските членови во него не гледаат лидер. Парите наменети за изборно рекламирање ги трошеше по сомнителни портали, а на вмровските листи вметнуваше ликови како Сафет Бишевац кои до вчера го навредуваа и омаловажуваа членството.

Мицкоски е изолиран. Нема поддршка ни од домашната, ни од меѓународната јавност. Мицкоски му одговара само на Зоран Заев бидејќи СДСМ никогаш нема да најде подобар спаринг партнер кој со сигурност ќе си го гази на избори.

Тајмингот и начинот на кој што го предлага новиот извршен комитет покажува само дека Мицкоски не го почитува конгресот и делегатите кои го избрале. Наместо да побара поддршка на вонреден конгрес и потоа со легитимитет да ја води партијата, доколку добие доберба, Мицкоски одлучува да се коцка со ВМРО-ДПМНЕ и да предлага нови структури кои во суштина не нудат ништо ново,“ се вели во соопштението на Иницијативниот одбор за свикување вонреден конгрс на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Создаваме средина каде идеите стануваат иновации

Владината прес-служба тврди: Лажна вест е тврдењето на СДСМ дека семејството на премиерот Мицкоски патувало до Хрватска со владиниот авион

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Семејството на Мицкоски никогаш не го користело владиниот авион

Горан Наумовски

СДСМ: Владата да објави кој патувал заедно со Мицкоски

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски со авионот се плаши за својот живот, а не за животите на своето семејство?!

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ