Мицкоски: Погрешното менаџирање на Ковид кризата доведе до огромна смртност

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, денеска во изјава одговарајќи на новинарско прашање рече дека власта катастрофално се справила со Ковид кризата и поради тоа стапката на смртност е огромна, потенцирајќи дека со смена на власта може да се промени и начинот на кој се управува со кризата.

– Катастрофално. Катастрофално и тоа сум го коментирал во многу наврати во минатото, така ќе кажам и сега сето она на кое што апелиравме, за жал не, не послушаа и сега ние ја живееме оваа реалност каде што сме трети според смртноста во светот, повеќе од 7.000 луѓе за жал го загубија својот живот. Но, она што е по алармантно има еден податок кој што вели дека 60тина проценти од луѓето кои што биле хоспитализирани завршиле фатално. Таквата бројка и таквиот просек во светот е околу 10 проценти и тоа не е поради тоа што медицинскиот персонал не одговорил соодветно, напротив тие луѓе дадоа повеќе од максимум имајќи ги во предвид околностите, и имајќи ги во предвид ресурсите кои што ги имаат на располагање, туку ова е исклучиво последица поради погрешното менаџирање од страна на надлежните во Министерството за здравство и во владата на здравствениот систем. Затоа апелирам и до нив, но апелирам и до сите оние кои што се уште остануваат лојални на тие луѓе да бидат свесни дека веднаш после 31ви октомври, ќе дојдат луѓе кои што се компетентни и кои што ќе работат за иднината на Македонија, луѓе кои што ќе знаат да се справат со сето она кое што тие за жал ќе го остават, а е погрешно и сето она кое што го работеа до сега, а е погрешно, објасни Мицкоски.

Така што, таква ни е состојбата, јас од оваа влада буквално и од овие надлежни лица во Министерството за здравство не очекувам ништо. За жал многумина од нас и наши сограѓани ова го платија со својот живот и завршија фатално, додаде тој.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ