ВИДЕО: Мицкоски побара распуштање на Собранието и предвремени парламентарни избори

Од:

ВМРО-ДПМНЕ бара распуштање на Парламентот и организирање вонредни парламентарни избори заедно со претседатрелските. На овие избори, ВМРО-ДПМНЕ ќе победи, а волјата на граѓаните ќе биде испочитувана, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

– Народе, вие давате и земате власт. Потребни се избори каде што ќе падне Заев. Ако овие луѓе останат на власт, Македонија ќе продолжи да губи. Затоа ова мора да престане и да се промени, а така ќе биде ако заминат од власт, рече Мицкоски.

Тој напомена дека ВМРО-ДПМНЕ не ја поддржува промената на Уставот со цел промена на идентитет, култура, историја и име, став кој бил темелен на партиската програма.

– ВМРО-ДПМНЕ смета дека промената на Уставот со цел промена на уставното име се направи на противуставен и противзаконски пат, со притисоци, пазарања, закани. За нас е значајно што одлуката е на 81 пратеник, но не и на македонските граѓани. Со ваквата одлука се суспендира волјата на граѓаните. Со Договорот од Препса се нанесува штета врз сегашните и идните генерации, рече Мицкоски.

Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

Мицкоски од Кочани: Споменот за жртвите од пожарот ќе живее вечно

Мицкоски: Со ифтарската вечера испраќаме порака за единство и духовна поврзаност

Мицкоски за Савевски: Иако не се познаваме, сметам дека е добар избор за јавен обвинител

Горан Наумовски

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

Мицкиски: Следната недела ќе биде познат предлогот за нов Државен јавен обвинител