Мицкоски по средбата со бугарското МНР: Да се тргне ветото и да престанат условувањата кон Македонија

Од:

Денес претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски заедно со потпретседателот Тимчо Муцунски, меѓународниот секретар Стефан Андоновски и членот на извршниот комитет и портпарол Марија Митева оствари средба со министерката за надворешни работи на Бугарија, Теодора Генчовска.

Како што информираат од партијата, на средбата се разговарало за актуелната политичка состојба и предизвиците на Македонија во процесот на европска интеграција. Мицкоски ја истакна загриженоста за европската интеграција на Македонија и побара да се отворат преговорите без условувања.

„Мицкоски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати договор кој е резултат на преговори во кој не учествува најголемата политичка партија ВМРО-ДПМНЕ и преговори кои се на штета на македонскиот народ и неговиот идентитет . Оваа влада нема легитимитет да преговара и да ги нарушува македонските преговарачки позиции.

Мицкоски порача Бугарија да го тргне ветото без одложување и пристапните преговори да започнат што поскоро низ призма на европските вредности и критериуми“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ