Мицкоски – Палмер во Стејт Департмент: Потврдени сојузништвото и пријателството со САД

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во Вашингтон оствари работна средба со Метхју Палмер, Заменик помошник државен секретар за Европа и Евроазија, кој е дојден на местото на Хојт Ји во Стејт Департментот.

На средбата Мицкоски нагласил дека ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија насочена кон интеграција во ЕУ и НАТО и реформите како клучни процеси кои треба да ја подобрат севкупната економска, политичка и социјална состојба во нашата земја како и во нашиот регион.

На средбата се разговарало за актуeлната политичка состојба во Република Македонија, пришто Мицкоски нагласил дека во овој момент граѓаните на Република Македонија се соочуваат со правна несигурност и злоупотреба на правосудниот и административниот систем со цел остварување на тесни интереси на актеулната владејачка коалиција.

Мицкоски на средбата нагласи дека е потребна одговорност за таквото однесување, на сите поединци кои постапуваат спротивно на законите и ги злоупотребуваат институциите.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски на средбата со Палмер истакна дека Република Македонија мора да остане посветена на стратешкото сојузништво со САД и градењето на односи базирани на силна доверба и взаемна почит.

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче