Мицкоски: Овој 8 Септември да не биде последниот кој го славиме под нашето уставно име

Од:

Денес е 8 септември, денот кога се слави независноста на нашата држава Република Македонија. 27 години независност, исполнети со силни премрежја, предизвици, падови, но и победи. Време на изградени очекувања и нереализирани надежи. Разочарувања и копнеж за подобра иднина, за тоа дека конечно на нашата држава, нашето општество ќе му тргне, се вели во честитката на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

– Кога говориме за сегашноста потребно е да се биде реален и да се признае дека она што го имаме денес, не е она што отсекогаш сме го посакувале со нашата држава, затоа што посакувавме своја држава за да имаме квалитетно образование, институции без корупција, економија која нуди можности и сигурна егзистенција, здравство кое помага на болните, наука која произведува додадена вредност, млади кои ќе ја градат иднината тука, во своите родни места, држава која ќе го гарантира нашето достоинство и чест. А денес со оваа власт добивме, го добивме спротивното, држава со најкорумпирани институции во Европа, денови исполнети со афери и сомнежи за криминал, притисоци, уцени на работа, политички монтирани случаи, образование кое е неконкурентно и млади кои си заминуваат. Несигурност и апатија, вели Мицкоски.

Во честитката по повод 8 Септември, Мицкоски додава дека денес во реалниот живот и во политиката, Македонија се соочува со значајни предизвици и одново е на крстопат.

– Иако не последен, но подеднакво важен за иднината на секој еден од Вас. На масата имаме штетен договор. Ви велат треба да сте За иднината на Македонија, а не ви кажуваат дека со тоа одлучувате за нова понижена Македонија, со променет идентитет, пасоши, лични карти. Историја и култура која ќе биде предмет на ревизија, и со отворена шанса на јужниот сосед да го блокира европскиот пат во било кое време. А во Европа, за таму се потребни работа, труд и континуитет. Таму се оди со резултати и стандарди, а не со зборови. Ако беше толку добар договорот, тогаш ќе ја немаше таа фанатична желба на власта за создавање на еуфорија, таа масовна и скапа кампања. И ним им е јасно дека овој Договор не е победа, затоа што ваква таканаречена победа можеше да има било кој претходник Претседател на државата и Премиер, исполнувајќи само еден единствен услов- да ги прифати сите грчки барања, вели Мицкоски.

Тој додава дека овој 8 Септември не треба да биде последниот кој го славиме под нашето уставно име.

– Ова да биде првиот септември преку кој ќе означиме победа за Македонија, да го означиме почетокот кој ќе значи смена за сликата на македонскиот политичар, за што ни е потребна смена на вредностите, исправање на неправдите и многу, многу работа. Нова визија која ќе донесе сигурност и решавање на проблемите. Затоа што во животот зад секој успех стои труд и посветеност и само така над Македонија ќе се раѓа ново сонце на слободата и само така Македонија ќе победи. Драги пријатели, земјаци, браќа и сестри, овде и низ светот честит и вековит 8-ми Септември! Нека е вечна самостојна и независна Република Македонија, се вели во честитката на Мицкоски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Кога Кренар Лога ќе сака да глуми заштитник на наводната независност на судските институции добро е да објасни врз основа на кои од двата отсто доверба во судството го темели овој заклучок? Кога Кренар Лога ќе сака да глуми заштитник на наводната независност на судските институции добро е да објасни врз основа на кои од двата отсто доверба во судството го темели овој заклучок?

Предраг Петровиќ

Лога: Остра осуда за деградирачката реторика на ВМРО-ДПМНЕ кон Кацарска

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Кога Кацарска напушта раководна позиција, тоа е празник за правдата, служеше како судски портпарол на СДС и ДУИ

Стоилковски: Дали причина за хаосот на Хирургија е системот за компримираниот воздух или има бактерија МРСА

Средба за соработка помеѓу Движењето ЗНАМ – За наша Македонија и ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Светите браќа Кирил и Методиј се стожерот на нашето постоење

Горан Наумовски