Мицкоски: Ова во Собрание е тероризам, а не 27 април!

Од:

Ова во Собрание е тероризам, а не 27 април!, нашиша на својот профил на Фејсбук лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, откако пратениците денеска го изгласаа петтиот пакет економски мерки, а за истиот гласаа двајца пратеници од власта, позитивни на Ковид-19, кои во Собранието дојдоа во скафандери и гласаа од одделни простории.

„Кога законите и правилата не важат за власта. Медиумите пишуваа дека човек почина затоа што немало брза помош, а денес за аздисот на власта и пратеничката има. Крајот брзо ќе им се случи, а ќе има и кривични пријави и одговорност за кршењето на протоколите, законите и Уставот!“, напиша Мицкоски.

Тој го повика претседателот на државата Стево Пендаровски да застане зад правото и зад Уставот.

„Претседателе Пендаровски, доста се криеш, бекни нешто. Застани зад правото, законите и Уставот. Тоа што Заев дозволил да биде заложник на Талат Џафери, тоа што пратениците од СДСМ одлучија да бидат слуги на инаетот и фрустрацијата на еден човек, нека биде нивен срам, ти имаш можност барем еднаш да покажеш дека си достоен за функцијата која ја извршуваш и не ги потпишувај законите кои се резултат на оваа седница“, напиша Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Создаваме средина каде идеите стануваат иновации

СДСМ: Контролирано судство, повеќе од 80 дена без одговор за криминалните тендери

Мицкоски: Македонскиот народ ја бранел вратата на Европа со векови, но никогаш не коленичел

А1он

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Семејството на Мицкоски никогаш не го користело владиниот авион

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Владата нема да набавува нов авион: Ќе се молиме да останеме живи, вели Мицкоски

Катерина Ѓуровски