Мицкоски: Опозицијата продолжува со напади врз нашите стратешки партнери – сега на ред се САД

Од:

Јас жалам што опозицијата после жестоките и рафални критики кон нашиот стратешки партнер Обединетото Кралство, сега истото тоа го прави кон САД, изјави премиерот Христијан Мицкоски, прашан за одлуката на САД во врската со новите критериуми за издавање визи за влез во САД.

Претседателот на македонската Влада потсети дека Министерството за надворешни работи и трговија даде свој коментар и дека одлуката на САД е поврзана со емигрантските визи.

– Станува збор за емигрантските визи, а не за визи кои се за потребите за студирање или туристички посети. Јас мислам дека во деновите што следат ќе има добри, пријатни вести за македонските граѓани, а се однесуваат на нашиот стратешки партнер. Но, јас жалам што опозицијата после жестоките и рафални критики кон нашиот стратешки партнер Обединетото Кралство, сега истото тоа го прави кон САД. Ќе ве потсетам, не така одамна кога беа наметнати оние трговски тарифи од 35 проценти, истите тие опозициски перјаници кои јас ги нареков талог на општеството во политиката, поитаа да го навредуваат нашиот стратешки партнер САД, а никаде ги немаше да се извинат кога се нивелираше таа ставка на 15 проценти. Во таа смисла, јас би бил внимателен и трпелив и наскоро очекувам многу добри вести за македонските граѓани, изјави премиерот Мицкоски.

За време на денешниот престој во Кратово, премиерот потврди дека Владата ја опредлила квотата за издавање на визи за работа на странски државјани во земјава.

-Издадени се визи во сите сектори каде што и досега имаше потреба. Нема некои дополнителни отстапувања. Тоа се секторите кои што се мапирани од страна на стопанските комори и работодавачите, изјави премиерот Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Трамп: Иран не сака САД да ги нападне

А1он

САД упатија предупредување до Русија

Лавров: Судирот САД – Иран може да го запали Блискиот Исток

УПОЗ прифати зголемување на платите на административците според формулата на Мицкоски

Горан Наумовски

„Хјуман рајтс воч“: САД тонат во авторитаризам, демократијата се врати на нивото од 1985 година

Премиерот Мицкоски денеска на средба со УПОЗ и КСС

Горан Наумовски