Мицкоски: Охрид нема перспектива и нови инвестиции

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва беше во посета на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид, каде оствари средба со голем број на членови и симпатизери на партијата.

Мицкоски посочи дека Охрид е на маргините на вниманието на власта, дека нема перспектива и нема нови инвестиции.

– Власта предводена од СДСМ се служи со манипулации и поинакви вештини и стратегии. Последниот податок кој што го рекоа без срам е дека имале постигнато висок број на странски инвестиции од околу 656 милиони евра, но СДСМ заборава да каже дека половина милијарда односно 500 милиони е реинвестираната добивка на странските компании што ги донесе Владата на ВМРО-ДПМНЕ, затоа што во четвртиот квартал сите тие акумулираната добивка ја извадија и ја реинвенстираа бидејќи од 1-ви јануари наваму благодарение на касапааната која што ја прават во даночната политика им воведоа данок на реинвестираната добивка и им го зголемија персоналецот на распределената добивка. Реинвестираната добивка не е нула како што беше во наше време туку сега е 15%, појасни Мицкоски.

Мицкоски се осврна дека нема напредок во општеството со капитални инвестиции од само 1 посто раст.

– Заевизмот го гуши општеството кое го преполни со криминал и неодговорно владеење. Станавме држава каде судството и обвинителството работат по нарачка на власта, а наместо развој имаме прогон и страв како механизам на владеење. Но полека целокупната власт се разголува и губи контрола, не е веќе прашање на избор, туку обврска да се победи заевизмот, изјави Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски