Мицкоски: Од утре почнува исплатата на зголемените пензии

Од:

Премиерот Христијан Мицкоски во видео порака на социјалните мрежи истакнува дека утре ќе се реализира ветувањето за зголемување на пензиите.

– Ја користам оваа прилика да ви честитам повисоки пензии што ќе почнат да се исплаќаат од утре. Тоа што го ветувавме во кампањата за повисоки пензии, за линеарно зголемување на пензиите, станува реалност. Од утре пензионерите во Македонија ќе имате поголеми пензии. Вие тоа го заслуживте макотрпно работејќи во вашиот животен век. Сега е периодот кога треба да уживате. Оваа Влада останува 100 проценти посветена да испорачува тоа што беше наше ветување за време а предизборната кампања, вели Мицкоски во видеото објавено на неговиот Фејсбук профил.

Воедно го најавува отчетот за работата на Владата во првите 100 дена утре напладне, на кој посочува дека ќе може да се слушне што е направеното во изминатиот период и што ќе се направи во следниот период.

Пензиите од утре ќе се исплаќаат со покачување од 2.500 денари, а за тој износ ќе се зголемат и во март следната година, како дел од ветувањето на ВМРО-ДПМНЕ за линеарно зголемување од 5000 денари на пензионерските примања.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

Ева има потреба од сите нас – да му помогнеме на десетгодишното девојче од Охрид

Осум пријавени настани со семејно насилство, лишени од слобода шест лица во Скопје, Росоман, Кичево и Виничко

Адвокатот Тони Менкиноски доби десетгодишна забрана за влез во Бугарија

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Безбедносната состојба е стабилна

А1он