Мицкоски од Прилеп: Слава на хероите од Карпалак кои загинаа во кукавичка заседа

Од:

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, го посети Прилеп, каде им оддаде почит на загинатите резервисти кај Карпалак.

„20 години изминуваат од трагично загубените животи на нашите браќа, другари, пријатели, прилепчани, Македонци кои што борејќи се храбро го изгубија својот живот, се разбира од кукавичка заседа бидејќи тие кои што ја подметнаа таа заседа, гради во гради знаеја дека ќе бидат поразени. Уште еднаш слава им, и нека делото кое што тие го сторија за Македонија и Македонците остане вечно запаметено“, изјави Мицкоски.

Според него, локалната власт во Прилеп е лицемерна и на граѓаните им должи извинување за минатите четири години владеење.

„Но, за жал како што тоа често пати бива, тие ја испуштија оваа шанса. Иако најмалку денешниот говор на претставникот на владата претставува еден вид каење за стореното изминатите 4 години, тогаш јас како човек, еве можам да кажам дека делумно им простувам за сето зло што го нанесоа во Македонија изминатите 4 години“, рече Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски чека одговор од студентите за владиниот предлог за студентски оброк

ВИДЕО: Дуел на Мицкоски и Филипче на пратенички прашања

Катерина Ѓуровски

Мицкоски разговараше со Срдановиќ: Му честитав за победата!

А1он

(ВИДЕО) Мицкоски: Слободата што ја добивме е обврска кон идните генерации

(ВИДЕО) Мицкоски: Нема да отстапиме од македонските национални интереси, но и од стратешката цел – да бидеме дел од европското семејство

Горан Наумовски

Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ