Мицкоски: Од прес конференцијата слушнавме енциклопедиски информации без конкретен доказ

Од:

Денеска е тежок ден и за Македонија, и за сите нас. Нема зборови со кои што можам да ја изразам сопствената болка. Нема зборови со кои што може да се изрази болката, а истовремено да се утешат најблиските кои што за жал изгубија двајца луѓе, драги луѓе рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски пред лидерската средба во Собранието.

– И навистина претставува за мене тежок момент и како родител, и како човек. Посебно сум разочаран и згрозен од тоа што бев избрифиран, а и делумно го гледав, а што претставуваше прес конференција на оние двајца луѓе пред некоја минута. Таму слушнавме енциклопедиски информации без ниту еден конкретен доказ, без ниту нешто кое што МВР требало и Обвинителството да го преземат.Тежок ден и навистина мое големо сочувство, најдлабоко сочувство до семејствата на трагично загубените човечки животи, рече Мицкоски во врска со грозоморните убиства на Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски и прес конференцијата на министерот Спасовски и на обвинителот Бубевски.

Би можело да ве интересира

Евроамбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот на Европската комисија на премиерот Мицкоски

Мицкоски: Македонија веќе 15 години не е членка на ЕУ поради вештачки прашања

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Компанијата „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија

А1он

Мицкоски: Ја продлабочуваме економската соработка со Германија, целта е повеќе инвестиции и повисок БДП

Мицкоски чека одговор од студентите за владиниот предлог за студентски оброк

ВИДЕО: Дуел на Мицкоски и Филипче на пратенички прашања

Катерина Ѓуровски