Мицкоски од Кавадарци: Заев не е спремен за реформи во правосудството, но затоа е способен да прислушува

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вчера беше во посета на ОК ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци, каде оствари средба со членови и симпатизери на партијата.

Мицкоски посочи дека и жителите на Кавадарци како и сите граѓани на Република Македонија силно ги чувствуваат црнилата на владеењето на СДСМ и Зоран Заев.

– Тој потенцираше дека последиците од тие црнила се чувствуваат и во економијата, каде „убедливо сме заковани на дното во Европа, и сме единствена земја во Централна и Југоисточна Европа со негативен биланс на странски инвестиции за што потврда дојде и од НБРМ која потврди дека во третиот квартал имаме одлив на странски инвестиции. Mицкоски се осврна и на земјоделието истакнувајќи ситуацијата е алармантна, а Владата нема никаква понуда и политика ниту пак има трајно решение кое што на подолг рок ќе обезбеди пласман за родот на земјоделците“, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

– Не така далеку во кампањата на плоштадите ширум Македонија велеа сигурен пласман за земјоделските производи ние ќе обезбедиме, нема да остане ниту парче земјоделски производ непродаден, ние сме тие кои што ќе ги обезбедиме, за да сега по две години откако се во Владата, и се укотвија во меките фотелји, по истите тие плоштади шетаат со подведена глава и велат не може да обезбедиме криза е, рече Мицкоски

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, истакна дека цената која што ја плати Македонија затоа што Заев е премиер е преголема и таа цена е националното омаловажување и понижување со договорот во Нивици и сите економски промашувања и црнила во образованието, здравството, земјоделците, пензионерите и младите. Тој вели дека Заев не е спремен ниту да ги спроведе реформите во правосудството, но затоа видовме како е способен да ги прислушува, да монтира уреди како би можел предвреме да ги слуша пресудите за да може да организира прес конференции каде ќе ги погодува годините, кажаа од партијата.

– Еве видовме зошто ги погодувал и судските пресуди и годините затвор, и заштитените сведоци ги знаел, затоа што не само што со бомбите го контаминираше целокупното оштество, не само што уништи животи со тие креирани, монтирани материјали, нелегално стекнати туку продолжива и сега повоторно не бил тој виновен, не бил Оливер Спасовски виновен, не бил СДСМ, повторно бил некој таму виновен од порано, нагласи Мицкоски.

Мицкоски истакна дека граѓаните веќе се свесни за сите црнила и темнини и тоа ќе го покажат на следните редовни или предвремени парламентарни избори кога ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата За подобра Македонија жестоко ќе го поразат Зоран Заев. Мицкоски порача дека ВМРО-ДПМНЕ заедно со граѓаните ќе ја донесат зората која што ќе ги победи овие црнила кои што Зоран Заев заедно со СДСМ и ги приреди на Македонија.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Михаилова е нелегално пренесена во Бугарија, кога-тогаш таа и татко ѝ ќе одговараат

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Филипче и Заев се пазареле со бугарските власти за случајот со Ива Михаилова за да му се оддолжат на Радев?

Горан Наумовски

Серафимовска-Борозан: Мицкоски ветува просечна плата од 1.000 евра, но не прифаќа минимална од 600 евра

Петрушевски: Филипче врши селективна борба против корупцијата

А1он

Сите го забележаа истото: Зошто Трамп на сите фотографии со балканските лидери има иста поза и лик?

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче има дилеми за атентатот на Глигоров нека си го праша Фрчкоски кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти, а тогаш беше министер