(ВИДЕО) Мицкоски: Очекувам во среда да биде распуштено Собранието

Од:

Очекувам во среда да биде распуштено македонското Собрание, како што беше договорено. Како што се договоривме на состанокот кај претседателот на државата Стево Пендаровски. Очекувам сите политичари да си стојат на договореното, изјави денеска во Кавадарци лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Мицкоски беше во Кавадарци како дел од теренските партиски активности. Се сретна со претставници на Регионалната Стопанска комора.

– Ги презентиравме дел од мерките што ќе бидат опфатени во програмата „Обнова за Македонија” за предвремените парламентарни избори. Посебен акцент ставивме на мерките што подразбираат намалување на персоналниот данок. Разговаравме и за целите на макроекономски план, стратешките приоритети што ќе бидат на Владата на ВМРО-ДПМНЕ веднаш по победата на изборите, рече Мицкоски.

Нагласи дека како повратен ефект добиле поздравувње на овие и други најавени мерки. Состанокот го оцени како исклучителен и корисен.

Би можело да ве интересира

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

„Зелено светло“ во Собранието за кратење на функционерските плати