Мицкоски обвинува дека преговорите со Грција се водат зад затворени врати – од медиумите дознал за нацрт-спогодбата

Од:

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ја обвини власта дека ги води преговорите зад затворени врати и рече дека од медиумите дознал за нацрт-спогодбата што Македонија ја испратила во Атина.

„Водат таинствени преговори за името. Никој и ништо не знае што се случува. Сега читам дека испратиле некаква предлог-спогодба до соседна Грција која што треба да биде одговор на предлог-спогодбата што Грција на нас ни ја доставила“, рече Мицкоски.

Според него, власта тера како што замислила, а тоа, како што рече, е како побрзо да ја распродаде и уништи државата.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Да го негуваме соживотот, да градиме доверба, да вложуваме во заедничка иднина

Мицкоски од Кочани: Споменот за жртвите од пожарот ќе живее вечно

Мицкоски: Со ифтарската вечера испраќаме порака за единство и духовна поврзаност

Мицкоски за Савевски: Иако не се познаваме, сметам дека е добар избор за јавен обвинител

Горан Наумовски

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме