Мицкоски и Николоски со интензивна агенда на средби со Јанша, Вучиќ и Пленковиќ

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и потпретседателот Александар Николоски на мини турнеја во регионот, ќе се остварат средби со политичари од Република Словенија, Република Хрватска и Република Србија.

Предвидени се средби со Претседателот на партијата СДС и поранешен премиер на Република Словенија Јанез Јанша, Претседателот на ХДЗ и Премиер на Република Хрватска Андреј Пленковиќ и Претседателот на СНС и Претседател на Република Србија Александар Вучиќ.

На средбите ќе се разговара за состојбите во регионот, билатералните односи, економската соработка и соработката меѓу партиите. Со ова ВМРО ДПМНЕ работи во насока на подобрување на односите помеѓу Македонија и земјите од регионот, како и на зацврстување на меѓусебното пријателство.

На оваа балканска турнеја претходеа интензивни политички средби на Претседателот Мицкоски во Вашингтон САД, претходно на официјален Брисел и посета на Будимпешта Унгарија.

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче