Мицкоски: Никој нема да биде поштеден за Ласкарци, Беса Транс и за модуларната болница во Тетово

Од:

Откако по трагедијата во Кочани, претседателот на Владата Христијан Мицкоски најави дека ќе се отворат и претходни случаи за да се најде одговор за тоа како се изгубиле човечки животи, денес од Тетово сподели дека за тоа зборувал и со претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Одговарајќи на новинарско прашање дали двајцата зборувале „за вистинска одговорност за модуларната болница“, Мицкоски рече апсолутно.

– Апсолутно се разговара за сите оние случаи. И за Ласкарци и за Беса Транс и за модуларната болница во Тетово и од оние информации коишто ги имам се работи веќе. Така што да почекаме да излезат информациите во јавност, па ги да ги коментираме. Никој нема да биде поштеден. Јас тоа ви го гарантира, одговори Мицоски.

Во едно телевизиско интервју Мицкоски го постави прашањето зошто во модуларната болница е променето министерството од едно во друго кога е правена јавната набавка, како и прашањето зошто кабелот е виновен, кој го направил проектот и дали можеби недостасуваат некои елементи.

Премиерот Мицкоски и повеќе функционери во Тетово направија увид во изградбата на нов дел од продолжувањето на булеварот „Видое Смилевски-Бато“.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Јавноста очекува одговори како беа „оживеани“ предметите на СЈО, за 27 април, за модуларната болница во Тетово

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

Премиерот Мицкоски во политичко-економска посета на Унгарија

Мицкоски: Остануваме на ставот за една изборна единица

Мицкоски: Никој однапред не може да има увид во говор на првата дама на САД