Мицкоски: Немојте да заборавите од каде потекнуваме, од каде доаѓаме и каде ќе се вратиме по сето ова

Од:

На вечерашниот настан по повод 35 годишнината на ВМРО-ДПМНЕ се обрати премиерот Христијан Мицкоски кој се обрати до функционерите од гарнитурата на ВМРО-ДПМНЕ и посочи да не заборават од каде потекнуваат, и каде ќе се вратат.

„И немојте никогаш да заборавите од каде потекнуваме, од каде доаѓаме и каде ќе се вратиме по сето ова. Најскапата работа што еден човек може да ја остави на своите потомци, не се парите, не е имотот, туку честа и чистиот образ. Како што мудро знаат нашите да кажат, не смеат функционерите да заборават дека: макадамот по селата и улиците е повистински, и поавтентичен и помек од килимот по хотелите и канцелариите, заради реалноста која ја има во себе и чекорот на своите сограѓани кои чекорат по него. Фотелјата е секогаш понеудобна од гајбата пред кооперација, заради тоа што таму извира твојата моќ и твојата цел. Токму затоа, сите функционери во нашата партија мора да бидат свесни дека ова што го работиме не е лична игра, туку служба. Клупата во вашите маала е таму кај што мора да знаете дека еден ден пак ќе се вратите и ќе мора луѓето таму да ги погледате во очи и со гордо крената глава да им кажете, јас го направив тоа за вас, јас се борев за вас, и да не се срамите и да се криете од нивните прекорни погледи“, истакна Мицкоски.

Премиерот исто така истакна дека несовесното седење во фотелјата носи срами и разочарување, а достојното пријатели и вистински поддржувачи.

„Несовесното седење во фотелјата носи срам и разочарување. Достојното и пријателско седење на столчето или гајбата пред кооперацијата, на клупата во маалото, носи пријатели, поддржувачи и вистинска сила за идејата. Таму лежи основата на вистинската политичка иднина на честа и на нашиот образ. Во овие мигови на промени, апелирам до сите наши функционери и членови: не заборавајте кој сте, од каде дојдовте, и кому му служите. Никој не смее да дозволи бахатост, агонија од моќ и корист да го заматат погледот. Да демонстрираме волја и докажеме пред народот дека ВМРО-ДПМНЕ е вистинскиот избор, дека не сме исти како оние кои владееја со земјата во минатото“, рече Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Од градоначалникот па надолу сите во Гостивар треба да понесат морална одговорност за кризата со водата, смета Мицкоски

Опозицијата реагира: Мицкоски ја условува финансиската поддршка за судството

Горан Наумовски

Левица: Европската Комисија го разобличи Мицкоски кој никако не го демонтираше коруптивниот систем, туку удобно се смести во него

Ќе има намалување на акцизите кај дизелот и безоловните горива. најави Мицкоски

Мицкоски: Судството нема да добие повеќе средства додека не покаже резултати

Мицкоски: Многу скоро ќе се излезе со информација за тоа што се случило во Гостивар и ќе има одговорност