Мицкоски: Нема градежни активности на коридорот 8 затоа што не се подготвени и немаат проект, а од денеска почнува да тече рокот за плаќање на пенали кон Бехтел и Енка

Од:

Па нема уште долго време да видиме градежни активности на терен затоа што вие и од владата го слушнавте тоа што ние го зборуваме цело време, а тоа е дека не се подготвени и немаат проекти, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање кој е неговиот став откако вчера наместо градежни активности на коридорот 8, Министерството за транспорт и врски пушти само соопштение.

Мицкоски откри и нов момент од договорот на владата со Бехтел и Енка, потенцирајќи дека владата бара измени на законот за градење, односно да почнат со проектот без претходно да добијат дозвола за градење односно без основен проект кој што би бил ревидиран и придружен заедно со сите оние одобренија кои што следат согласно законот.

– Тие самите кажаа дека сега е процесот на кој што сега они ќе го формираат градилиштето. А што значи тоа? Ќе бараат парцели каде што ќе ги одложат градежните машини и алати, парцели каде што ќе се изградат живеалишта претпоставувам за работниците кои што планираат да ги донесат од надвор. Потоа од она бледо соопштение од Владата слушнав дека допрва ќе биде снимањето на терен, тоа се оние геолошки и геотехнички истражни работи, како што се геологијата, како што е идентификувањето на катастарските парцели, односно дефинирање на трасата бидејќи трасата се уште не е дефинирана. Па дури потоа следи изработка на основен проект, а откако ќе биде изработен основниот проект, ревизија на истиот, па пота дури аплицирање за одобрение на градба заедно со сите оние придружни дозволи. Така би требало да биде согласно Законот за градење. Што бара владата односно кои се измените кои што тие ги бараат? Да речеме во Законот за градење бараат да го почнат проектот без дозвола за градба. Вие ако сакате да почнете градба на куќа или на било што, вие мора да извадите дозвола и да добиете одобрение за градење. Но, тие сакаат овој историски проект како што тие го нарекоа да го отпочнат без одобрение за градба, односно без основен проект кој што би бил ревидиран и придружен заедно со сите оние одобренија кои што следат согласно законот, истакна Мицкоски.

Тој ги повика од влада да го демантираат ако не е точно тоа што го зборува, укажувајќи дека до сега се што изнеле во јавноста не било демантирано од страна на владата.

– Еве нека ме демантираат ако не е така. Повторно кажуваме нова работа. Кажавме за работната недела дека сакаат да ја продолжат иако е противуставно, не кажаа ништо. Зборувавме за бројот на работници, повторно не кажаа ништо. Зборувавме за експропријацијата односно дека сакат да екпропираат дивоградби по цена на легални градби, повторно не кажаа ништо. Зборувавме за пеналите ако се згреши при проектирањето да го плаќаат граѓаните, повторно не кажаа ништо. И уште многу, многу други работи. Го суспендираат македонското законодавство, го прифаќаат англосаксонскиот модел. Еве сега велам измените кои се доставени во парламентот бараат да го отпочнат овој проект без одобрение за градба, додека вие и ние сите за да почнеме нешто да градиме треба да извадиме одобрение за градба. Значи таму имаме граѓани од прв ред, граѓани од втор ред, празни места па сите ние. Ете така од прилика функционираа оваа влада на ДУИ поддржана од помалиот партнер СДСМ, изјави тој.

На прашањето дали тоа значи дека од денеска почнуваат да течат роковите и дека со тоа државата ќе плаќа пенали, Мицкоски одговори:

„Да, денеска поминуваат 45 дена од денот на потпишување. Законот за работни односи не е сменет, односно работната недела е 40 работни часа, не е 60 како што тоа е предвидено во договорот и од денеска стартуваат пеналите, односно еднократно ќе треба да платите 53 милиони евра на Бехтел и Енка, а потоа секој месец ќе треба да плаќате по повиче од 2 милиони евра за секој ден, секој месец што се доцни вие граѓаните. Зошто? затоа што некој одлучил да ве краде. И затоа ја повикувам македонската јавност да застанат против ова историски зло дело, а не историски проект“.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН на прва средба за формирање на владата

Катерина Ѓуровски

Првата средба за договор за Влада, работните групи на ВМРО-ДПМНЕ и на ВЛЕН ќе ја имаат утре

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Граѓаните да излезат на 8 ми мај и да гласаат, се работи за иднината на државата

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ се обидува да поткупува гласачи дури и во верски објекти

Левица: Подаваме рака до ДПМНЕ, за заедно да не ги донесеме уставните измени

СДСМ: Опасни се најавите на ДПМНЕ за блокада на европскиот пат на државата