Мицкоски: Нема да се поместам ниту милиметар, ќе ги истрпам сите притисоци, овој Парламент нема мандат да менува Устав

Од:

Ќе продолжат, притисоците нема да престанат. Ако мислите дека ќе се откажат, нема да се откажат. Затоа што овие од Владата бараат да се прават притисоци. Нема проблем, јас немам проблем да ги истрпам тие притисоци. Тие притисоци се и ќе продолжат. Дали се жестоки? Да, жестоки се. Но, она што е поразлично од Преспа е што ВМРО-ДПМНЕ е консолидирано, обединето, и нема слаба алка внатре. Сега не се други центри на влијание, сега ВМРО-ДПМНЕ како целина е центар на влијание. Единствено е ВМРО-ДПМНЕ, политичките ликови во ВМРО-ДПМНЕ се единствени не затоа што водиме инает, туку затоа што сакаме да добие овој народ нешто. Да ја смениме перцепцијата и чувството за нас политичарите кај луѓето. Доста го краде, доста го лажеа и доста го понижуваа. Затоа што веруваме дека ова што го правиме е историја, генерациите по нас нека судат дали сме постапувале правилно или сме биле погрешно разбрани. Но, едно сакам да знаат и мојата порака е јас лично ни милиметар нема да се поместам и ќе ги истрпам сите притисоци од каде и да идат“, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„ВМРО-ДПМНЕ има план кој што е составен од три дела и кој што е дел од тој план, и кој што содржи национални елементи, политички елементи, но и економски план за помош на граѓаните. И дека подготвени сме тој план веднаш откако ќе завршат изборите да го ставиме на располагање на дипломатите од ЕУ, да разговараме по тој план и тој е единствениот план за надминување на сегашната ситуација односно ќорсокак во кој што нѐ донесе Владата на ДУИ подржана од СДСМ“, истакна Мицкоски.

Тој додаде дека овој Парламент нема мандат да менува Устав. Овој Парламент треба час поскоро да се самораспушти, да се оди на предвремени парламентарни избори и секоја политичка партија и коалиција треба да излезе со јасен план и визија за надминување на проблемот бидејќи проблемот е тука. Не може да се игнорира проблемот. ВМРО-ДПМНЕ власта ја предупредуваше, односно беа три пати предупредени дека создаваат проблем. Но, власта одлучи да продолжи да го создава тој проблем мислејќи дека на тој начин ќе им бидат заборавени и простени сите криминали и сето она што лошо го направија. Мислејќи власта дека ќе потпише и со тоа ќе се сѐ заврши.

„Повторно ВМРО-ДПМНЕ денеска се однесува зрело и сериозно и нуди план за излез од кризата. Но, прв чекор е предвремени парламентарни избори“, рече Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Мислеа дека си имаат работа со мали деца, победуваме со повеќе од 170.000 гласови разлика

Орце Костов

Мицкоски: Колку е поголем бројот на тие кои што гласаат толку промените ќе бидат посилни

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Да ја вратиме Македонија на граѓаните затоа што сега е ограбена, понижена, затоа излезете масовно и заокружете за Македонија повторно горда и Македонија повторно твоја

Ахмети скандирајќи „УЧК“ му порача на Мицкоски: Христијане, мери си ги зборовите, на устата уште имаш млеко“

Орце Костов

Мицкоски: Власта спрема сценарија за изигрување на изборната волја на народот, најефикасен одговор за нивната завера е масовно гласање

Мицкоски: И Ковачевски и Ахмети на чело да тетовираат знаме на ЕУ и да се качат на врв на зградата на ЕУ, тие не стануваат тоа зошто до гуша се во криминал