(ВИДЕО) Мицкоски: Наскоро ќе се знае коалицијата со која ќе настапи ВМРО-ДПМНЕ на изборите

Од:

Многу скоро јавноста ќе го дознае составот на коалицијата со која ВМРО-ДПМНЕ ќе излезе на изборите, соопшти денеска лидерот на партијата Христијан Мицкоски.

Пред средбата со компаниите – членки на Стопанската комора Македонија – Турција (МАТТО), Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања, ги повика граѓаните да се придружат на вечерашниот протест од пред судот, што го организира ВМРО-ДПМНЕ. Тој упати апел и до сите политички партии кои, како што рече, беа гласни за ветинг и промени во судството, вечер на протестот да застанат до ВМРО-ДПМНЕ и заеднички да побараат „неправдата што се случува во државата, еднаш засекогаш да престане, да не се дозволи политичките конвертити од сваровски во Луј Витон судството да диктираат какви ќе бидат судските одлуки и пресуди“.

Тој им посака на СДСМ и движењето БЕСА да се договорат за коалицијата и да излезат заедно на изборите.

– Секој ден ме прашувате за коалицирањето. Не би сакал да зборувам со кого конкретно сме во преговори и разговори. Кога ќе има промена на дневна основа, ќе ја известиме јавноста. Преговараме со многу политички партии. Но, за нас е најважно тоа што на 12 април, несомнено и недвојбено, ќе се случи најголемата историска победничка коалиција од осамостојувањето на Македонија, а тоа е победата на коалицијата „Обнова на Македонија“. Постизборно, потоа, можеме да преговараме и разговараме со сите политички партии, напомена Мицковски.

Тој дополни и дека имал средби со сите политички лидери, вклучувајќи го и Билал Касами.

– Логично е што сме разговарале со Касами. Сме разговарале во тој момент за она што не чини во државата. Гледам дека сега разговараат со СДСМ, претпоставувам што чини и дека блескаме. Им посакувам конечно да се договорат, среќа и успеси на изборите. За нас е најважно да имаме фер и демократски избори на 12 април, но сега индициите се се, само не дека изборите ќе бидат фер и демократски, потенцира лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Во врска со вечерашниот протест, тој повика граѓаните да заборават на политичката боја и партиската припадност.

– Живееме во време кога деспотизмот е на својот врв. Гледаме и слушаме како се нарачуваат судии и судски одлуки и тоа не од кој било, туку зборуваме за Врховниот суд. Гледаме како се управувале и манипулираат специјални јавни обвинители. Ќе ве потсетам, тој ист специјален обвинител мене ме уценуваше во минатото да соработувам за да го одмрзне имотот на политичката партија. Влегуваме во избори, имаме помалку од педесетина дена, имотот на ВМРО-ДПМНЕ е се уште замрзнат и ние практично, влегуваме на овие избори силно мотивирани да покажеме дека и без тоа, извесна и огромна е победата, истакна Мицковски, одговарајќи на новинарски прашања.

Би можело да ве интересира

Кузеска: За хаосот во Скопје најголема вина имаат Мицкоски и ДПМНЕ

Петрушевски: Бизнис интересот на СДС и ДУИ направи граѓаните да плаќаат поскапа струја

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Тренчевска: Кошничката е прескапа, ДПМНЕ да прифати 0% ДДВ на храна и минимална плата 450

СДСМ бара Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ да се вразумат и понуди предлози за решавање на кризата во Скопје

СДСМ: Малодушноста на ВМРО-ДПМНЕ блеска посилно од кога било