Мицкоски најави можни протести: Одат по амбасади и цимолат дека ВМРО-ДПМНЕ им го блокирало Собранието

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски не сакаше да открие кои се следите чекори по блокадата на Собранието. Тој смета дека јавноста треба да почека, бидејќи ако сега се открие, нема да треба да има состанок на Извршниот комитет на партијата. Она што е сигурно според Мицкоски, е дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ нема да го напуштат Собранието. Еден од следните чекори се и можни протести.

„Нели според СДСМ и ДУИ нема блокада, ја совладале блокадата? Јас така знам, тие така велат. Ама затоа секаде каде што одат по амбасадите коленичат и цимолат дека ВМРО-ДПМНЕ им го блокирало Собранието, па уште не ја говорат вистината и велат дека тоа било некаков бојкот, па мислат дека ние ќе го напуштиме Парламентот, нешто што најмногу го сака Зоран преку Ковачевски и Талат Џафери, за да можат се да си поминат онака, се она што е против интересите на народот и граѓаните, а ВМРО-ДПМНЕ го блокира. Ние кажавме се што е за интересот на граѓаните, народот, интересот на Македонија, повисоки плати и пензии, субвенции, помош, ќе поддржиме. Се што е спротивно на интересите на граѓаните и народот ќе блокираме“, рече Мицкоски.

Тој зборуваше и за изборот на уставни судии: „Имате предлог кој е кабинетски службеник на поранешен министер за здравство и во животот нема една минута стаж, а треба да биде уставен судија. И еден добар и слеп послушник кој пет години не гукна, бекна за Зоран Заев и власта и сега треба да добиеме како Кацарска стана уставен судија, така уште двајца такви да станат уставни судии. Тоа треба да го поддржуваме и да се правиме слепи при очи и глуви при уши? Нема, ќе го блокираме“.

Мицкоски апелираше до Владата заемот од Светска банка за реконструкција во општините да го стави на дневен ред на следна седница и да го гласаат сите.

„Тоа е за граѓаните, 63 милиони евра. Тоа нема да го враќа Ковачевски и Али Ахмети од џеб, тоа вие ќе го враќате граѓаните. Влас ви треба нов асфалт, водовод, канализација. Тие имаат, големи хациенди, убаво комфорно живеат“, додаде Мицкоски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Државата е во хаос заради ДУИ и нивните измеќари од СДС

Мисајловски: За да направиме историска победа за Македонија, ни треба поддршка од целиот македонски народ

(ВИДЕО) Мицкоски: СДС и ДУИ неколкумина од власта се граѓани од прв ред, а сите други од втор ред

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Мицкоски и ДПМНЕ немаат план ниту визија, со нив нема членство во ЕУ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ја фрли државата во хаос, ова не е Македонија која ја сака народот

ДУИ: Сакале или не СДСМ и ВМРО, идниот претседател ќе се избира во Собранието

Катерина Ѓуровски