Мицкоски на средба со Орбан: Поддршката од Унгарија на Македонија е доказ за вистинско пријателство

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска заедно со потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во Будимпешта оствари средба со Претседателот на пријателската партија, ФИДЕШ и премиер на Унгарија Виктор Орбан информираат од ВМРО-ДПМНЕ.

– На средбата беа констатирани одличните и пријателски односи меѓу двете партии, и стана збор за реализација на стратешките цели на Македонија. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски се заблагодари на поддршката од Унгарија на Македонија посочувајќи дека тоа е доказ за вистинско пријателство, изразувајќи надеж дека таа поддршка ќе продолжи имајќи го во предвид фактот дека Унгарија наредната година го презема претседателствувањето со Европската Унија. Воедно на средбата беше направен пресек на соработката и работата на двете партии во насока на размена на искуствата кои се користат при изработка на програмата на ВМРО-ДПМНЕ за наредните избори. Воедно беше разговарано за идни проекти и планови за развој кои би се реализирале веднаш по промената на власта во Македонија, се наведува во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

Орбан: Неправедно е Унгарците да ги трпат последиците од војната во Украина

Орбан бара Зеленски да ги повлече агентите од Унгарија

Мицкоски очекува новиот јавен обвинител да истражи како Катица Јанева ги предаде случаите од затвор

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Никој нема против албанскиот јазик, но треба да се знае дека официјалниот јазик во оваа држава е македонскиот

ВИДЕО: За реконструкција на Владата ќе разговара во периодот мај/јуни

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО