Мицкоски на средба со министерот за надворешни работи на Италија

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски заедно делегација од високи партиски функционери денеска (11.02.2020) остварија средба со министерот за надворешни работи на Република Италија, Луиџи Ди Мајо.

На средбата се разговараше за актуелната политичка ситуација во државата, претстојните парламентарни избори и европската перспектива на Македонија.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека Европската Унија е главен стратешки приоритет на Македонија, но изрази загриженост поради лошата економска ситуација, недоволното исполнување на реформите и противуставното носење на Законот за јавно обвинителство.

Мицкоски потенцираше дека потребен е закон за јавно обвинителство кој ќе биде напишан од експерти кој ќе гарантира вистинско владеење на правото и ќе ја доближи Македонија до Европската Унија. Додека законот кој го предложи владата на СДСМ е крајно неправеден закон со кој единствено се амнестираат криминалите кои се направени во изминативе години.

Тој додаде дека високата корупција и криминалните афери кои се поврзани со високите ешалони на власта за кои немам никаква правна разрешница претставуваат сериозен проблем во владеењето на правото и го нарушуваат патот на Македонија кон Европската Унија.

Мицкоски посочи дека владата која ќе ја формира ВМРО-ДПМНЕ веднаш ќе се посвети на исполнување на клучните реформи и ќе воведе економски мерки со цел доближување на Македонија до европските стандарди и вредности.

На средбата беше констатирана одличната соработка помеѓу двете држави и беше посочено дека во иднина постои простор за поголема соработка како на економски така и на научен план.

Би можело да ве интересира

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски