Мицкоски на средба со Кришто понудил помош по невремето што ја погоди Босна и Херцеговина

Од:

Премиерот Христијан Мицкоски, кој денеска учествува на самитот „Украина – Југоисточна Европа“ во Дубровник, имал средба со Борјана Кришто, претседателка на Советот на министри на Босна и Херцеговина.

Мицкоски на својот фејсбук-профил соопшти дека на средбата изразил искрено сочувство во име на македонската Влада за жртвите и настраданите од невремето во БиХ.

-Понудив помош и отворена понуда за работите за кои може Македонија да помогне низ европскиот механизам за помош при непогоди. Солидарноста е важна работа!, напиша Мицкоски на Фејсбук.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Ја продлабочуваме економската соработка со Германија, целта е повеќе инвестиции и повисок БДП

Почина Самка Ибраимовски, долгогодишниот лидер на ПЦЕР и поранешен министер

Клековски: Дополнителната работа на лекарите вработени во јавното здравство не треба да е хаотична, анархична и со можности за злоупотреби

Мицкоски: Грешките од минатото се тешки како планини, но Македонија денес е држава за почит

Горан Наумовски

Почина Бранко Радовановиќ – македонското новинарство загуби уште еден свој препознатлив лик

Мицкоски од Брвеница: На Македонија и требаат нови успеси, резултати и проекти, а не поделби, затоа во недела ве повикувам да го заокружите бројот 1