Мицкоски: Негирањето на македонскиот идентитет од бугарските власти ги засилува лошите односи помеѓу двете држави

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска заедно со Стефан Андоновски, секретар за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ остварија средба со амбасадорот на Кралството Холандија во Македонија, Дирк Јан Коп.

Како што информираат од партијата, на средбата се разговарало за актуелната политичка состојба, како и евроинтегративниот пат на Македонија.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски истакна дека односот на бугарските власти кон Македонија и негирањето на македонскиот идентитет, само ја засилуваат ескалацијата на лошите односи помеѓу двете држави, потенцирајќи дека пристапниот пат на државата кон Европската унија не смее да личи на пазар со земјоделски култури на кој се продава и се купува македонскиот идентитет.

Мицкоски го информираше амбасадорот Јан Коп, за високиот степен на корупција и криминал од високи владини функционери, како и дека граѓаните предолго се изложени на лаги од владата на СДСМ и Димитар Ковачевски, укажувајќи дека потребно е одржување на предвремени парламентарни избори и нова влада со луѓе кои ќе стојат зад дадениот збор и ќе ги исполнуваат ветувањата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина