Мицкоски на средба со Директорката на Фондацијата Јарл Халармарсон, Ева Густавсон

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски придружуван од Меѓународниот секретар Тимчо Муцунски, оствари средба со Директорката на Фондацијата Јарл Халармарсон, Ева Густавсон, и Заменик Директорот Јенс Ахл.

Фондацијата Јарл Халармарсон е Полиичка Фондација на сестринската Партија на ВМРО-ДПМНЕ од Шведска, Модератерна.

Мицкоски и Густавсон се осврнаа на идната соработка помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и Модератерна, која се очекува во престојниот период да се одвива со засилена динамика.

Мицкоски ја информираше Густавсон за актуелната политичка состојба во Република Македонија, и тоа за растот на корпуцијата, селективното и политизирано правосудство, политичките вработувања во јавниот сектор, и за севкупната појава на заробена држава.

Мицкоски и Густавсон се согласија дека патот на Република Македонија треба да биде насочен кон членство во Европската унија и дека ВМРО-ДПМНЕ треба да продолжи да дава придонес кон процесите кои подразбираат европеизација на македонското општество.

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче