Мицкоски: На коридорите нема ни шајка заковано, а до 6. мај треба да платиме над 230 милиони евра

Од:

Според договорот е предвидено 117 милиони евра да се платата за подготвителни работи и подготовка на градилишта, тоа се уште тече, претпоставувам, и се предвидени да се платата во два наврати. 83 милиони е предвидено да бидат исплатени две недели откако е потпишан договорот и дополнителни 30 милиони евра, 45 дена откако е потпишан договорот, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при посетата на Василево одговарајќи на новинарско прашање, при што потенцираше дека сумата наскоро ќе надмине 230 милиони евра, а нема ни шајка да има на коридорите.

Мицкоски посочи дека вториот дел е пеналите кои треба да се платат поради тоа што не е променет законот за работни односи во рок од 45 дена од потпишување на договорот, а тој датум заврши на 22 април.

– Таа сума која треба да се плати е минимум 53 милиони евра. Тие треба да се платат во рок од две недели откако ќе изминат тие 45 дена предвидени да се смени законот за работни односи и да се продолжи работната недела од 40 на 60 работни часа, а тој ден истекува на 6 мај. Од информации со кои располагаме има натегање помеѓу владата и фирмата изведувач околу банкарската гаранција кога ќе се договорат да бидат исплатени дополнителни 50 милиони евра по основ на авансно плаќање предвидено во тој договор. Таа бројка за недела дена ќе биде огромна, повеќе од 220—230 милиони евра, а се уште од проектот нема ни шајка некој заковано, рече Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски тврди дека економијата е „многу, многу постабилна“, а секое трето дете живее во сиромаштија

А1он

Мицкоски: Филипче е во состојба да продаде се само за да стигне до фотелја

А1он

Цената на струјата останува иста до крајот на годината

(ВИДЕО) Мицкоски: Направен е упад и киднапирано е лице кое е бегалец од правдата, ова нема вака да заврши

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Апасиев донесе слика од премиерот и неговиот баџанак и го праша за бизнисите, Мицкоски му рече дека е кукавица

Катерина Ѓуровски