Мицкоски: На 2 јуни ќе започне падот на Владата на СДСМ

Од:

Како политичка партија и во минатото, но и во иднината ќе се обидеме да понудиме решенија за граѓаните, да го подобриме квалитетот на нивниот живот бидејќи единствен капитал на Република Македонија се граѓаните и тие заслужуваат да имаат подобар живот. Токму од тука мотивирани на 2 јуни ќе се собереме пред платото на Владата, каде што ќе ја одбележиме оваа една година на чемер и јад, влада на СДСМ предводена од Зоран Заев. Ќе понудиме решенија, нови политики, но и ќе започне падот на Владата на СДСМ, која што се надевам дека ќе биде конечно поразена на предвремени парламентарни избори, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при посетата во Штип.

Тој изрази надеж дека што е можно побрзо ќе бидат остварени и реализирани условите за да може опозицијата да се чувствува комотно, да излезе на предвремени парламентарни избори и да ја порази оваа „ненародна влада која што и се случува на нашата татковина“.

Запрашан за спорот за името со Грција и предлозите кои се појавија во јавноста, Мицкоски вели: „Нашата позиција е јасна, повторена во низа наврати во минатото поврзана со спорот кој што го има нашиот јужен сосед со нашето уставно име. Таа е непроменета и потврдено од страна на партиските органи во изминатите денови. Навистина не располагам со дополнитени информации кои што би значеле за вас и би биле предмет на интерес. Тоа што беше во изминативе денови презентирано на јавноста во Република Македонија тоа го знам јас“.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Заев и Филипче да одговорат дали бил договорен процент од продажбата на станбените единици на Дака во Тетово

Мицкоски до Филипче: Мерките даваат резултат, инфлацијата e ниска

(ВИДЕО) Мицкоски: Намалени акцизите за горивата, ДДВ од 10% останува до крајот на кризата

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Филипче: Обвинителството е под политичка контрола на Мицкоски