Мицкоски: Македонскиот народ гледа голем пријател во еврејскиот

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски оствари средба со рабинот Ендру Бејкер директор за меѓународни еврејски работи во Американскиот Eврејски Kомитет и Виктор Мизрахи по повод еден од најтажните денови во македонската историја.

На средбата се говореше за тешката судбина на македонските евреи која започна на 11 март точно пред 75 години со депортација на Евреите од Македонија во концентрациониот логор во Треблинка. Претседателот Мицкоски оддаде почит на претставниците на еврејската заедница и изрази длабоко жалење за траорната судбина на овие луѓе. Тој истакна дека овој таквиот чин никогаш повторно не смее да се повтори.

Мицкоски нагласи дека македонскиот народ гледа голем пријател во еврејскиот и дека плодната соработка помеѓу двете држави треба да продолжи и понатаму преку нови и засилени форми на соработка.

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче