Мицкоски: Македонскиот идентитет за мене не е само кујната туку и македонските револуционери Делчев, Груев и Сандански

Од:

Премиерот Христијан Мицкоски во репликата на изјавата на заедничката прес – конференција со еврокомесарката Марта Кос посочи дека за него македонскиот идентитет не се само македонските специјалитети туку и Гоце Делчев и Даме Груев и Сандански.

-За мене мојот идентитет не е само прекрасната македонска кујна, туку е и Гоце Делчев и Шапкарев, и Миладиновци и Илинденското востание и Дамјан Груев и Јане Сандански… Не знам дали ќе го споделат истото мислење и колегите од исток, но тоа се луѓето кои се дел од нашиот идентитет, македонски идентитет, рече Мицкоски.

Прашан во одос на највените спорни амандмани од бугарски европратеници за Извештајот за земјава за „модерен“ (или современ) македонски јазик кои задираат во идентитетот, а којшто треба да се усвои во Европскиот парламент на пленарна сесија закажана за 8 јули, Мицкоски со одговор дека може се да очекува, и дека ништо не би го изнендаило.

-Очекувам секаков инженеринг во Европскиот парламент (ЕП) и, јас би бил многу, многу повнимателен, бидејќи се водам од максимата не ги слушај што зборат, гледај ги што прават, рече премиерот Христијан Мицкоски.

Тој потенцира дека е секогап малку повнимателен кога станува збор за идентитетот, поради досегашното тридецениско искуство на земјата.

-Да тоа, е така дека ние го носиме со нас, длабоко во нас. Но, морам да признам дека овие повеќе од три децении ние изгубивме голем дел од нашиот идентитет менувајќи знаме, менувајќи име, неколку пати менувајќи Устав. И во услови кога немаме гаранција дека ова ќе биде последна идентитетска отстапка која ние треба да ја направиме, јас би бил многу, многу повнимателен, бидејќи се водам од максимата не ги слушај што зборат, гледај ги што правата. А тоа што го направија и се уште прават дел од пратениците во ЕП од нашиот источен сосед, нема никаква врска со европските вредности, потенцира Мицкоски.

Еврокомосерката за проширување Марта Кос на заедничката прес-конференција со Мицкоски порача дека идентитет не е предмет на политичко одлучување. Идентитетот според неа се и македонските специјалитети како тавче гравче, пинџур и полнети пиперки.

-Идентитетот, според мене, никогаш не може да стане предмет на политичко одлучување. Идентитетот е нешто што си го носиме во душите и во нашите срца. Идентитетот е како се чувствуваме и како ја чувствуваме нашата татковина, идентитетот е она како се грижиме за нашата традиција. На пример манастите во Северна Македонија, погачата, тавче гравчето, пинџурот или полнетите пиперки… како, ги одржуваме традиционалните носии, какви односи градиме со постарите во земјата, каков однос имаме кон зачувување на нашиот јазик и никој не може да ви го одземе ова на вас Македонците, порача Кос.

Членството во ЕУ нагласи таа е најдобриот начин како да се заштити идентитетот, културата и јазикот на Македонците, поради тоа што ЕУ е изградена на приципот на разноличност и ЕУ се грижи за сите земји членки поединечно, во смисла на тоа што нивниот идентитет е добро зачуван.

Би можело да ве интересира

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Филипче по средбата со Кос: Потребен е внатрешен консензус за евроинтегративниот пат на државата

Кос: Членството во ЕУ е најдобар начин да се заштити идентитетот, културата и јазикот на Македонците

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Не прифаќаме уцени кои не оддалечуваат од европските вредности

Катерина Ѓуровски

Западен Балкан веќе не е чекалница и одбива да биде оставен назад, порача Мицкоски од Самитот во Скопје

Катерина Ѓуровски

Кос: Реформите кои ги бараме задираат во закоравени структури на интереси и на моќ, на лидерите е да ја водат реформата