Мицкоски: Македонија со владата на Заев официјално е хибриден режим, кој е најкорумпиран во Европа

Од:

Заев ветуваше иднина во Европа, а не може земјава да мрдне од Африка. Ветуваше живот, a стана рекордер по мизерија. Ветуваа правда, останавме заковани во хибриден режим, пишува претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на својот фејсбук профил.

– Македонија со Владата на Заев и официјално е “хибриден режим” кој е “најкорумпиран” во Европа. Според Индексот на демократија, во 2020 година е на 78. место или не сме напреднале споредено со минатата година на ранг листата што ја прави „Економист“, повторно прогласувајќи ја земјава за хибриден режим, вели Мицкоски.

– Ако според Транспаренси Интерационал сме една од најкорумпираните држави во Европа во групата со Танзанија, Буркина Фасо, Колумбија, Гамбија, според Индексот за демократија сме хибриден режим заедно со Ел Салвадор, Украина, Бангладеш. Дијагнозата е мафија, одговорот мора да е народот! Ќе победиме, затоа што друг избор нема Македонија!, додава Мицкоски на Фејсбук.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус