Мицкоски-Лоринговен: ВМРО-ДПМНЕ цврсто го поддржува приклучувањето на државата кон Алијансата и ЕУ

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски заедно со Потпретседателот Александар Николоски и меѓународниот секретар Тимчо Муцунски се сретна со помошник на генералниот секретар на НАТО, Арндт Фрејтаг вон Лоринговен.

Мицкоски уште еднаш ја потенцираше важноста за членството на Република Македонија во НАТО Алијансата, истакнувајќи дека ВМРО-ДПМНЕ цврсто го поддржува приклучувањето на државата кон Алијансата и ЕУ, како и важноста на истото од стратешки план за Република Македонија и целиот регион.

На средбата исто така се разговараше за актуелните политички случувања во Република Македонија, при што Претседателот Мицкоски изрази загриженост за загрозувањето и невладеењето на правото и правната држава од страна на актуелната власт, каде што власта на најгруб начин преку уцени, закани и притисоци се пресметува со своите неистомисленици.

Соговорниците се согласија дека членството на Република Македонија во НАТО е неопходно, на што Претседателот Мицкоски истакна дека оваа Влада нема капацитет и е неспособна да ги води реформските процеси во државата, кои треба да донесат подобар и поквалитетен живот за граѓаните.

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче