Мицкоски: Личност која го велича Путин е предлог на власта во работната група за уставни измени, и истата ќе ја плаќаат со народни пари

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на новинарско прашање дали очекува исход од работната група за уставни измени ако се земе во предвид и последната информација дека вљубеник во Русија ќе биде дел од таа група за уставни измени потенцираше дека темата за уставни измени за ВМРО-ДПМНЕ е затворена.

-Јас не ја коментирам, за нас тоа е затворена тема, но оттаму има членови кои што еве вие самите кажавте дека го величаат делот на господинот Путин, претседателот на Руската федерација. Од друга страна имаме политичари кои што ги номинираат, коишто не само што ја анатемизираат Руската федерација и Путин туку се и онака барем во јавноста, но гледате на дело тие номинираат возљубеници во ликот и делот на Руската федерација и господинот Путин, ние ќе треба да ги плаќаме тие експерти, рече Мицкоски.

Во врска со ова информација Мицкоски потенцираше дека повеќе од јасно е од каде потекнуваа таа госпоѓа, како се стекнала со звањето и како доаѓа да таа учествува во таа работна група.

-Ако ја погледнете биографијата на таа госпоѓа ќе ви стане јасно од каде потекнува, како се стекнала со звањето и како доаѓа да учествува во таа работна група. Исто така и семејните стебла, тука се едно семејно стебло кое што е по вертикала со ДУИ поврзано, друго семејно стебло кое што се родени да бидат функционери и да бидат на грбот на граѓаните е на СДСМ, или е уставен судија или е градоначалник, или е директор, или е во некоја комисија и зема илјадници евра народни пари, отприлика така функционира владата на ДУИ поддржана од помалиот партнер СДС, кажа Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање