Мицкоски: Ковачевски си го покажа целиот простотилак, да и се извини на пратеничката Стаменкоска

Од:

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски го повика премиерот Димитар Ковачевски да си се извини за навредите на пратеничката Бети Стаменкоска.

„Хардвардовецот го покажа вчера на отворена сцена сиот свој простотилак. Но простотилакот претпоставувам го стекнал во животот. Јас нема да го коментирам тој простотилак, згрозен сум, и шокиран од шовинизмот кој што го покажа на отворена сцена, туку тука забележувам како педагог како професор една елементарна работа а тоа е отсуство на домашно воспитување. И тоа е многу значајно да се каже. И кога отсуствува тоа домашно воспитување тоа вие во животот не можете да го надоместите, можете да го криете да се маскирате но порано или подоцна отсуството на домашното воспитување ќе излезе на виделина како што тоа вчера го направи Ковачевски, и ќе се служи со навреди кои што навистина погодуваат. Видете тоа се навреди кои што би рекол не доликуваат никому и на тој начин тој уште еднаш покажа дека не е достоен за позицијата која што во овој момент како поставен таму ја обавува а тоа е претседател на владата на Македонија така што уште еднаш апелирам до него ако малку, ако малку сака да ја сочува својата чест, малку бидејќи таа е тотално изгубена, руинирана, доблесно е да се извини. Доблесно е да излезе и да се извини. Јас уште еднаш ќе го изразам своето шокирање и посакувам ова никогаш повеќе никому да не му се повтори, затоа што сепак ние сме луѓе кои што треба да бидат пример како треба, а не пример како не треба“, нагласи Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Филипче е во состојба да продаде се само за да стигне до фотелја

А1он

Цената на струјата останува иста до крајот на годината

(ВИДЕО) Мицкоски: Направен е упад и киднапирано е лице кое е бегалец од правдата, ова нема вака да заврши

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Апасиев донесе слика од премиерот и неговиот баџанак и го праша за бизнисите, Мицкоски му рече дека е кукавица

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Македонија не е добиена на подарок, време е конечно да имаме големи цели

Катерина Ѓуровски