Мицкоски: Ковачевски има време до 10 мај да размисли, ако нема дијалог за предвремени парламентарни избори пристапуваме кон активна блокада

Од:

При денешната посета на општина Охрид, претседателот Христијан Мицкоски даде изјава за медиуми, при што даде одговор и на ставот на Димитар Ковачевски, кој кажал дека не е спремен на дијалог, со точка на дневен ред, предвремени парламентарни избори и дека проблем е активната блокада.

Мојот став е дека до 10 мај има рок, нека не брза, нека размисли, по 10 ние продолжуваме според она што го усвои ИК на партијата, а тоа е активна блокада на македонскиот парламент, рече претседателот Мицкоски.

Доколку не сака сам, тој на таа средба може да го земе и Османи, и Ахмети, и Љубчо Георгиевски, нека дојде и со Павле Трајанов, со Маја Морачанин, Горан Милевски, со сите со цела коалиција, еве јас ќе бидам со моите соработници, да разговараме за датум за избори, а до тогаш му нудам 4 тим, да му помогнат колку толку да ги ублажиме ефектите од оваа кризна состојба во која што се најде нашата земја, кажа Мицкоски.

Тој изјави дека со месеци повикува на дијалог, на разговор, бидејќи Македонија е во криза, а луѓето од владата се невешти да се справат со реалните проблеми, односно со кризата кои сами ја наметнале.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ