Мицкоски: Кога светски експерт како Кедев кажува нешто, мора да има позадина – целосно ќе се проверат сите индиции, одговорност ќе има

Од:

Моето мислење за академик Кедев и неговите констатации е врвна индикација за да се преземе веднаш нешто, да се открие што и дали е правено и да се проверат целосно сите индиции што беа изнесени, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Одговорајќи на новинарски прашања по посетата на Универзитетската клиника за државна кардиохирургија, Мицкоски порача дека нема да се остави ништо на случајност, како и дека ќе има одговорност за секој што се богател на грбот и здравјето на граѓаните.

Формираните комисии, истакна премиерот, засега работат на осум случаи.

-Кога светски стручњак како академик Кедев тоа го кажува, мора да има позадина и мора да ја откриеме таа позадина. Нема да оставиме ништо на случајност. За секој што се богател на грбот и здравјето на граѓаните ќе има одговорност, потенцира Мицкоски.

Министерот за здравство Азир Алиу кој беше заедно со Мицкоски на Клиниката за кардиохирургија, пред два дена рече дека нема да се даваат делумни информации за „кардиолошките случаи“, туку ќе се излезе со конечен извештај откако целосно ќе заврши експертизата. Тој тогаш информира и дека осум предмети се завршени, уште пет нови се пристигнати во Фондот за здравство, но се очекува да бидат доставени и други од институции и граѓани.

Во експертизата се вклучени Стручна комисија од Министерството за здравство, тим од Лекарската комора по барање на министерот Алиу, како и тројца стручњаци од Словенија, Австрија и Италија кои допрва треба да дојдат во Македонија.

Би можело да ве интересира

Мицкоски до Филипче: Мерките даваат резултат, инфлацијата e ниска

Директорот ги „шпионира“ вработените во АХВ со камери, ги демне по цел ден во неговата канцеларија

Предраг Петровиќ

Лишени од слобода седум лица, сузбиена организирана криминална група инволвирана во недозволена трговија со дрога

(ВИДЕО) Мицкоски: Намалени акцизите за горивата, ДДВ од 10% останува до крајот на кризата

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Филипче: Обвинителството е под политичка контрола на Мицкоски