Мицкоски: Ќе зборуваме за концептот како Македонија да биде тигар на Балканот

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од Ресен на граѓанскиот собир како дел од кампањата „Разговори за Обнова на Македонија – Проблеми, решенија и програма“, порача дека ВМРО-ДПМНЕ во периодот кој што следи ќе понуди комплетно нови политики кои што ќе значат решение за сите проблеми.

-Сакаме отворено, чесно, честито без да се затвораме во сали, без да ги бираме гостите на нашите настани, и без да ги нарачуваме прашањата да разговараме со граѓаните, да ги слушнеме нивните маки и да покажеме дека Македонија може поинаку, дека Македонија има сила за поинаки, има капацитет. И Македонија, македонскиот народ и останатите граѓани во Република Македонија тоа го заслужуваат, рече Мицкоски.

Ќе понудиме и кадровско освежување кое што започна со вчерашниот ден, дел од 16темина стратешки соработници мои, ваши, на Македонија, беа презентирани на македонската јавност. тоа ќе продолжи и понатаму во периодот кој што следи. Веднаш со крајот на оваа акција за Обнова на Македонија, откако ќе добиеме од вас насока кои се вистинските проблеми иако да бидам искрен ги знаеме сите, можеби не сите, но повеќето од нив. Врз основа на тие проблеми да понудиме решенија а потоа доаѓа оној стратешкиот дел каде што како партија, како ВМРО-ДПМНЕ, ќе зборуваме малку и за стратегијата, ќе зборуваме и за концептот како Македонија во иднина да биде тигар на Балканот, рече Мицкоски.

Јас би сакал накратко да ве потсетам на некои промашувања од минатото кои што ги нудеше СДСМ и Зоран Заев. Јас се сеќавам, идејќи наваму ја гледав онаа изјава каде што Зоран Заев овдека пред Ресен и ресенчани ветува дека тој ќе обезбедел загарантиран откуп на ресенското јаболко, дека секој еден ресенчанец кој што произведува јаболка ќе добие достоинствен откуп и сигурен откуп и достоинствена цена за тој откуп. Субвенциите дека ќе доаѓале на време, помош ќе имало и знаеле они како имале план во нивната програма и така натаму.

Но, три години гледаме дека тоа е една огромна лага, една огромна манипулација од човекот кој што вчера ан пратеничките прашања кажуваше дека на него го болел македонизмот повеќе од сите нас. Замислете човекот кој што ја распродаваше еве веќе трета година по ред Македонија, човекот кој што го засрами Македонецот во Македонците, човекот кој што потпишуваше недостоинствени решенија, човекот кој што нудеше недостоинствени решенија, човекот кој што е организатор и творец на ова разочарување ширум улиците, булеварите, градовите и селата во Република Македонија вели дека го болела македонштината во него.

Продолжува да лаже. Исто како што лажеше и за загарантираниот откуп, за субвенциите, за помош. Тој истиот човек се сеќавате кога редеше пред владата чевли, кога редеше спортски обувки, кога велеше дека младите ја напуштале, но они имале план дека ќе ги вратата. По голема пустелија од Македонија ниту една влада, и во оној претходен систем во времето на комунизмот не направила. Поголема пустелија од градовите, селата се веќе мината приказна поголема пустелија од градовите во Македонија не направила ниту една влада.

Затоа што нема излез од целокупната оваа безпарица, од тешкиот живот, од безидејноста и безизлезот кој што го гледаат нашите сограѓани.

Ветуваа дека ќе донеле инвестиции, ќе донеле не знам колку милијарди евра дека ќе обезбеделе работа за сите дека ќе обезбеделе квалитетна работа наспроти тоа што донесоа, донесоа криминални тендери каде што се знае најчесто завршуваат бизнисмените или изрекетирани, видовте преку оној случај познат како Рекет, или пак опљачкани и избркани од Македонија како онаа градежна компанија која што требаше да го изгради експресниот пат преку Росоман до Прилеп. Сега минував низ тој пат, доаѓајќи овдека во Ресен, можеме да забележеме дека буквално оставија недозавршена работа при готов проект и обезбедени пари, тоа го наследија во 2017 година кога ја наследија владата.

Ветуваа дека за младите ќе имало младинска гаранција, ќе имало достоинствена работа за сите нив, дека они биле тие кои што зборот им важни, но, всушност ни се случува егзодус. За пензионерите ветуваа поголеми пензии, за волја на вистината можеби помалку трагично ја покачија пензијата за 36 денари. Недостоинствено и навредливо, а ветуваа се сеќавате достоинствен пензионерски живот.

Ветуваа дека ќе имало правда, ќе имало мир, а главна одлика на нивното владеење ќе биде оној градоначалник во Ново село се сеќавате кој што беше фатен со неколку тони шверцувани цигари, кој што ги пренесуваше преку граничниот премин со нашиот источен сосед. Потоа, ќе остане оној градоначалник во Демир Хисар кој што им кажуваше на вработените дека ги снимал.

Оној градоналник во Шуто Оризари кој што со тупаници ги превоспитува вработените во општината. Или пак можеби оној генерален секретар во владата се сеќавате „Тендер Рашко“ , не треба да ве потсетувам на неговата изјава за нашите стратешки партнери што би рекол тој јужно од Екваторот. Се сеќавате и на оној пратеник од Шарената револуција кој што си нарачуваче полче, па излезе дека не било полче тоа што ние сме мислеле, туку било полче од нешто друго.

Конечно на крај се сеќаваме на „Рекет 1“, „Рекет 2“, јас знам за „Рекет 3“, „Рекет 4“, „Рекет 5“, кој знае колку ли ги има, набрзо убеден сум дека и македонската јавност ќе дознае и за „Рекет 3“, „Рекет 4“, и за „Рекет 5“.

Прашањето е што ќе остават после нив, прашањето е дали Македонија и граѓаните на Македонија, дали македонскиот народ може да си дозволи уште еден Зоран Заев? Одговорот што секаде го слушам, каде што разговарам со нашите сограѓани е еден и единствен, а тоа е дека не може да си дозволи, рече Мицкоски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Народот сака промени, тоа го покажуваат 180 илјади гласа предност на Сиљановска пред Пендаровски

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Разликата по вчерашниот изборен ден е цунамито кое се крева, народот се излеа и тој бран на промени ќе ја порази оваа власт

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Се слушнав со Таравари, во деновите што следат ќе разговараме со сите кои се против политиките на СДСМ и ДУИ

Анита Петровска Рајковиќ

Мицкоски му врати на Ахмети: Многу брзо од денес и кексито и млекото ќе ти преседнат

ВМРО-ДПМНЕ: Државата е во хаос заради ДУИ и нивните измеќари од СДС

Мицкоски: „Платформа 1198″ е светилник на надежта, најдобрата изборна програма досега – за преобликување на иднината и јасна траекторија за успех на државата

Горан Наумовски