(ВИДЕО) Мицкоски: Ќе поднесеме барање за распуштање на Собранието, да видиме кој е за избори, а кој моли Бога да не ги добие

Од:

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ утре во Собранието ќе поднесе барање за оставка на Заев, формирање техничка влада и иницијатива за распуштање на парламентот, најави лидерот на опозициската партија Христијан Мицкоски по седниците на Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

– Велеа дека сме барале избори, а сме молеле Бога да не добиеме. Нека видат сега граѓаните кој е за, а кој моли Бога да не ги добие, рече Мицкоски.

Тој го повтори ставот на ВМРО-ДПМНЕ дека државата не била досега вака поделена и дека Македонија е во најтешка ситуација по осамостојувањето.

– Да го спречиме пеколниот план за уништување на Македонија, има време и за реформи и за корекции, додаде Мицкоски.

Во случај да не биде прифатено барањето за избори, Мицкоски немаше прецизен одговор што ќе преземе ВМРО-ДПМНЕ.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

Можни резултати од унгарските избори, и што секој од нив ќе значи

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Заев и Филипче да одговорат дали бил договорен процент од продажбата на станбените единици на Дака во Тетово

Мицкоски до Филипче: Мерките даваат резултат, инфлацијата e ниска

(ВИДЕО) Мицкоски: Намалени акцизите за горивата, ДДВ од 10% останува до крајот на кризата

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија