Мицкоски ќе оди на лидерска: Промена на Уставот нема да има без јасни гаранции

Од:

„Овие денови е актуелно прашањето за лидерската средба. Дали ВМРО-ДПМНЕ ќе отиде и што ќе прави? Прво да кажам дека намерите на власта за лидерската средба се јасни. Тие очекуваат јас да одбијам присуство на таква средба затоа што ќе се разговарало за европски интеграции. Веднаш по ваквиот чин ќе следи напад дека ВМРО-ДПМНЕ било антиевропско и дека ВМРО-ДПМНЕ е изолирано затоа што сите партии со албански предзнак ќе присуствуваат на средбата. Се гледа од месечината што им е целта“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во обраќањето на политичкиот саем, „Саем на промени што носат иднина”.

Мицкоски додаде дека доколку ВМРО-ДПМНЕ присуствува, тогаш инсталациите и мегафоните на власта веднаш ќе раскажат „аха значи Мицкоски е подготвен за уставните измени“. Тоа е нештото што Ковачевски го нарекува план, а што и друго да се очекува.

„Сметам дека правењето театар за јавноста во еден таков гломазен состав, што го нарекуваат лидерска средба, нема да ги донесе решенијата на проблемите кои се аларамантно потребни за народот. Народот од нас очекува да зборуваме за инфлацијата, за енергетската криза, за зголемената сиромаштија, за затворените рудници и фабрики, за нискиот стандард. Ова се темите за кои мора алармантно да се бараат решение, а не за уставни измени или една генерална тема без никакви појаснувања – интеграции. Поскапувањата, енергетиката и сиромаштијата се дијагнозата на колективната болест која го мачи општеството, чиј лек, единствен лек се предвремени парламентарни избори“, појасни претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

„ВМРО-ДПМНЕ е одговорна и државотворна партија и да, еве објавувам, дека ќе присуствувам на таква средба затоа што имаме ставови и сме подготвени да ги браниме насекаде во светот. Ќе дојдам на лидерската средба, ќе кажам јасно и гласно, не преку соопштенија или штури брифинзи преку какви владата ја најавува оваа средба, дека најреалната причина за која една лидерска средба би имала содржина се разговор за реалните проблеми на народот кој е гладен, а чиј излез, знаеме и тука ние и целата јавност, се предвремени парламентарни избори. А, што се однесува за уставните измени, тоа прашање е затворена тема затоа што уставни измени нема да има под овие околности и без гаранции за нашата европска иднина заштитени од идни условувања од Бугарија“, нагласи тој.

Мицкоски рече дека нема да подлегне на уцени.

„На сите оние инсталации и мегафони на власта кои веруваат во теорија на заговори, да им е јасно дека без јасни гаранции за европска иднина на Македонија каде што нема Бугарија да има можности да го кочи тој процес, без јасни гаранции за македонскиот идентитет, македонскиот јазик, уставни измени нема да има. Тоа треба секој да го знае“, рече Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Има индиции на злоупотреби во Академијата за судии и обвинители, ова е доказ дека во државата има партиски октроирано и заробено обвинителство и судство

Мицкоски: Наскоро ново раководство на ЕСМ и РЕК Битола, лично сум фокусиран во изборот на кадри

ВИДЕО: Структурни реформи во управувањето со кризи и нов Закон за пожарникарство најави Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Поминаа ден-два, пожарите не се под контрола, а лопатарот Мицкоски и министрите се шетаат

СДСМ: Кадровски дебакл на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, професор по физичко на заменичко место во МВР

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ прави притисок врз Антикорупциска да го скрие случајот фамилјарно патување за Вашингтон