Мицкоски: Ќе направам сериозна анализа да видиме во кои делови ВМРО-ДПМНЕ го разочарала народот

Од:

Лидерот на најголемата опозициска партија, Христијан Мицкоски, на денешната прес-конференција рече дека ќе се заложи лично да се направи анализа во кој дел е разочаран народот од оваа партија и најави дека доколку имало пропусти ќе се заложи партијата да ги коригира своите грешки.

„Во право сте кога велите дека народот е разочаран од страна на политичарите, тоа веќе го зборуваав во кампањата.Треба сите да извлечеме поука да не го разочаруваме народот. ВМРО-ДПМНЕ и јас лично ќе направами сериозна и детална анализа во кои делови лично, но и како ВМРО-ДПМНЕ сме го разочарале народот. Ќе се коригираме и ќе видиме како понатаму ќе се одбиваат настаните. Партиските тела ќе заседаваат во периодот што следи, јавноста ќе биде информирана за  одлуките на партиските тела“, рече Мицкоски.

Мицкоски рече дека сепак е задоволен од изборниот резултат во услови, како што кажа, на валкана кампања при што власта се служела со манипулации и поткуп на гласачи. Тој додава дека на овие избори ВМРО-ДПМНЕ е победник, но не ги откри можностите и плановите со кои оваа партија би можела да ја состави новата влада.

„Ова беа избори во кои брутално се злоупотреби власта. Се делеа картички, се потрошија милиони за поткуп, преку државните институции. Да не зборуваме за тоа што се одвиваше на терен, се вршеа притисоци и агитација врз граѓаните. Имаме 50 пријави за поткуп, имаме вмешани градоначалници, но, и покрај тоа што го направија, ако ги земеме овие 4 пратеници на Беса се покажа дека власта има 2 пратеника помалку од коалицијата што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ. Покажавме и докажавме дека сме најголемата партија до сега, а што ќе се случува понатаму, ќе видиме. Има многу математики, многу можности, да почекаме времето да покаже, тоа само дава одговор на овие прашања. Но она што е важно е дека најголемиот кредибилитет за нова влада го има ВМРО-ДПМНЕ“ , додаде Мицкоски.

Во однос на коалицирањето со ДУИ и дали ќе се почитува принципот победник со победник, тој рече дека овој принцип бил прекршен уште во 2017 година кога ВМРО-ДПМНЕ победила на изборите, но не кажа каков  е неговиот став во однос на избор на коалицискиот партнер.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски