Мицкоски: Ќе им овозможиме на граѓаните сами да одлучат за каков проект да се потроши нивниот данок и ќе направиме децентрализација на институциите

Од:

„Денеска сме тука во Охрид, продолжуваме со концептот да ги презентираме политиките Македонија за сите луѓе. Денес тука во Охрид ќе ја имам честа и задоволството да го претставам и кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и иден градоначалник на Охрид, тоа е доктор Кирил Пецаков“, кажа Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

„Ќе зборуваме малку за актуелната политичка состојба, ќе зборуваме за два клучни проекта кои што ВМРО-ДПМНЕ планира да ги реализира и на локално, но и на централно ниво кога ќе ја преземеме владата се разбира од најкорумпираната политичка елита која што некогаш се појавила во независна Македонија.

Првиот проект е мојот данок за мојот проект во мојата општина. Граѓаните ќе можат средствата кои што ги уплаќаат во данокот за имот практично во општинскиот буџет наместо тие средства да се трошат во непродуктивни трошоци, наместо да се трошат во скапо ручеци, патувања и други луксузирања, да можат да изберат за кои проект да ги потрошат тие средства и кој проект да биде реализиран.

Еден проект кој што до сега во Македонија не бил запаметен и вториот проект кој што ќе го презентираме е етапното институционалното децентрализирање, односно по преземањето на власта имајќи предвид дека Охрид е колевка на културата не само во Македонија, бидејќи Охрид е на светот, планираме сите оние институции кои што се поврзани со културата и останатите да ги мигрираме од Скопје практично тука во Охрид, вклучително во крајна мерка и самото министерство за култура, така ќе постапуваме и со други градови и општини во Македонија, мигрирање на институциите, односно институционална децентрализација.

Денеска малку повеќе ќе зборуваме овде во Охрид на таа тема, чувствуваме дека ќе биде интересно и ве поканувам да останете до крај на трибината ќе има што да слушните“, изјави Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ