Мицкоски: Кај Шилегов единствено нешто што му се гледа повеќе од ароганцијата е стравот дека ќе загуби

Од:

„Одговорот на Заев и Шилегов на дебаклот кој што им се случи во првиот круг од изборите, било да донесат струмичка екипа на бате Вице да работи на терен за Шилегов овде во Скопје. Ќе го освојувале Скопје, но овој пат со струмички сили. Да се разбереме немам ништо против овој преубав град од југоистокот на Македонија, немам ништо напротив преубави чесни и честити луѓе живеат таму, но имам против тоа кога криминалци од кланот на власт го валкаат изборниот процес и мислат дека се главни во Македонија“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р. Христијан Мицкоски на митингот во Лисиче.

Мицкоски додаде дека кај Шилегов единствено нешто што му се гледа повеќе од ароганцијата, е стравот дека ќе загуби.

„Тоа е страв зошто знае дека многу бргу ќе се постави прашањето како до толкав имот за толку краток период. Којзнае колку му е тешко кога мора пред камерите насилно да глуми скромен човек, а во реалноста видовме што мисли за народот, сетете се на она потапнување по грбот на оној на господинот кога му велеше никогаш да не ме гласате, а овој само си го бараше своето право и да му се исполни ветувањето кое што истиот овој Шилегов му го дал“, појасни Мицкоски.

Мицкоски посочи дека на само два дена пред изборите од првиот круг, Шилегов склучил договор со три кафеани за да има службени гоштевања и ручеци. Тој за ова кажа дека било за да обезбеди континуитет во работењето на градот, и кога ќе размисли човек подобро, навистина овој пат не излажа. Тоа е неговиот континуитет во работата во кафеани.

„Затоа на Скопје му требаат длабоки промени и создавање на нова иднина. Данела Арсовска е вистинскиот избор за градоначалник на Скопје. Заокружете го бројот 82 за модерно Скопје, за Скопје со многу проекти за секого. За човек кој ќе биде менаџер на градот“, нагласи Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Грешките од минатото се тешки како планини, но Македонија денес е држава за почит

Горан Наумовски

Мицкоски: Оваа Влада интервенираше за да имаме најниски цени на горива во регионот, за време на минатата влада во 2022 година цената беше 2 евра

Мицкоски: Околу 6.000 лица работат со договори на дело или со други форми на договорен ангажман

(ВИДЕО) Филипче: Во буџетот недостигаат 900 милиони евра – Мицкоски прави ребаланс за пополнување дупки

Горан Наумовски

Филипче: Нема да му бидеме алиби на Мицкоски за предвремени избори, а „Платформата 12.05“ одработува за власта

(ВИДЕО) Мицкоски: Слободата што ја добивме е обврска кон идните генерации