Мицкоски: Кај Ковачевски Фројд проработел, па затоа има фрустрација од мали работи

Од:

При денешната посета на Општина Кисела вода во рамки на акцијата „Важно е! Од тебе зависат промените!“, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски запрашан за негов коментар околу тврдењето на Ковачевски за мал и голем Груевски кој владее во ВМРО-ДПМНЕ, тој истакна дека можеби кај Ковачевски Фројд проработел па поради тоа тој може има фрустрација од мали работи и поради тоа тој прави такви споредби.

Тој додаде дека можеби и не треба да се коментираат ситните испади на Ковачевски, поради тоа што тој уште кратко време ќе ја врши функцијата каде што е.

„Ја слушнав таа изјава и морам да кажам дека кај господинот Ковачевски Фројд проработел можеби тој има лична фрустрација од мали работи и поради тоа прави споредба со тие мали работи. Јас би го советувал дека тие мали работи кои претпоставувам него го фрустрираат не треба да го фрустираат, треба да гледа од позитивната страна на тоа бидејќи уште за малку време ќе биде таму каде што е а потоа и ќе замине а некој мали работи што претставуваат негова лична фрустрација за жал ќе мора цел живот да ги носи“, посочи Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Филипче е во состојба да продаде се само за да стигне до фотелја

А1он

Цената на струјата останува иста до крајот на годината

(ВИДЕО) Мицкоски: Направен е упад и киднапирано е лице кое е бегалец од правдата, ова нема вака да заврши

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Апасиев донесе слика од премиерот и неговиот баџанак и го праша за бизнисите, Мицкоски му рече дека е кукавица

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Македонија не е добиена на подарок, време е конечно да имаме големи цели

Катерина Ѓуровски